Советникот од Кавадарци и долгогодишен граѓански активист, Вуко Мелов, повикан на разговор во полициска станица за искажан став на Фејсбук во кој даде поддршка за незадоволството на лозарите поради ниските откупни цени и нивното уставно загарантирано право на протест.
Уставот јасно ја гарантира слободата на јавно изразување на мислата, како и правото на мирно собирање и протест. Кога избран локален претставник и активист ги брани интересите на земјоделците од својот крај, користењето на полицијата за испитување поради онлајн статус испраќа загрижувачки сигнал за замолчување на секоја критика и граѓански отпор.
Дали социјалните мрежи стануваат простор каде гласот за правда се казнува, наместо да се слушне?
👇 Дали повикувањето советници и активисти во полиција поради Фејсбук статуси е директен упад врз демократијата и слободата на говор?




