spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

Суровата економска реалност: Зошто Македонија остана на дното додека земјите од поранешниот источен блог итаат напред?

Во 1992 година, почетната позиција беше речиси идентична. Македонија ($12,222 БДП по жител) беше рамо до рамо со Полска ($12,408) и Романија ($13,484), а дури и подобра од Белорусија ($10,813) и Латвија ($10,815).

Новите податоци и анализа од институтот Finance Think откриваат загрижувачки контраст за изминативе 35 години:

  • 🇵🇱 Полска: Го зголеми својот БДП по жител за 4.0 пати (на $49,655)

  • 🇱🇻 Латвија: Го зголеми за 3.5 пати (на $38,068)

  • 🇷🇴 Романија: Го зголеми за 3.1 пати (на $42,173)

  • 🇧🇾 Белорусија: Го зголеми за 2.7 пати (на $29,577)

  • 🇲🇰 Македонија: Го зголеми за само 2.2 пати (на $26,364)

Додека другите поранешни социјалистички земји ги зголемија своите економии три пати или четири пати повеќе, ние едвај го удвоивме стандардот. Дури и Белорусија, земја под долгогодишни санкции и автократски режим, оствари поголем релативен раст од нас.

Кој е главниот виновник што Македонија го изгуби чекорот во изминативе 35 години? Пишете го вашето мислење во коментари!

Издвојуваме