spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

ЛОЗАРИТЕ ПОВТОРНО ИЗВИСЕНИ!!!

 

ЈАВНА РЕАКЦИЈА НА Национална Земјоделска Мрежа ви ја пренесуваме интегрално:

​Вчерашниот состанок во Кавадарци уште еднаш ја покажа целата бламажа на институционалната неспособност.

Додека министерот Серафимовски нуди празни ветувања и тактизира со празни зборови, лозарите добиваат само ново купување време и дефокус од реалната катастрофа што ни се заканува со откупот на грозјето.

Очигледно е дека државата во овој момент нема ниту визија, ниту капацитет да ги менаџира и решава долгорочните проблеми во земјоделството.

Секој премолчен ден и секое лажно ветување директно ја уриваат егзистенцијата на илјадници семејства кои живеат од овој труд.

Уништувањето на лозарството не е само удар за земјоделците, туку системски удар што ќе го почувствува целото општество преку економска криза и пусти полиња.

​Политичарите се минливи. Нивните мандати завршуваат, фотелјите се празнат, а владите се менуваат. Но, ние остануваме тука – врзани за оваа земја, со лозјата што не можат да чекаат политички маркетинг и празни фрази. ​

Престанете со манипулациите и преземете одговорност, бидејќи трпението на лозарите е при крај, а штетата што ја правите денес ќе ви се врати како бумеранг утре.

Издвојуваме