Сликата од терен во Тиквешкиот регион целосно ја демантира розовата пропаганда на надлежните институции. Ново видео кое масовно се шире на социјалните мрежи сведочи за невиден револт меѓу лозарите, кои наместо да го наплаќаат својот труд, во состојба на потполна безнадежност ги уништуваат сопствените насади.
Вистинскиот кошмар за македонскиот земјоделец ги надмина сите граници. Снимките кои ја брануваат јавноста прикажуваат потресни сцени: земјоделци со солзи во очите ги влечат и ги сечат стеблата од грозје што со децении ги прехранувале нивните семејства. Пораката од теренот е повеќе од јасна – за нив, ова е последната година помината на нивите.
Официјалниот молк и демантот од реалноста
Додека грозјето скапува по лозјата, а цената на откупот го потценува секој капка пот, за ресорниот министер за земјоделство и локалната власт во Кавадарци состојбата е под „целосна контрола“. Изјавите на функционерите дека процесот тече „мазно и во најдобар ред“ паѓаат во вода пред глетката на уништените македонски лозја.
Лозарите ги обвинуваат надлежните дека ги штитат сопствените фотелји и профитите на прекупувачите, додека вистинските производители се туркаат кон банкрот и иселување.
Траорното видео



