spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФА ВО ТИКВЕШИЈАТА: Д-р Тони Јованов ги разобличи Јанчев и Серафимовски – Грозјето скапува, лозарите се пред банкрот, а власта купува време!

Општинската организација на СДСМ Кавадарци и нејзиниот претседател д-р Тони Јованов излегоа со драматично предупредување и жестоки обвинувања до градоначалникот Митко Јанчев и министерот за земјоделство Борче Серафимовски.

Според Јованов, нивните изјави за „непречен откуп“ се чиста манипулација и бегство од суровата реалност на терен, каде над 50% од грозјето од сортата „Вранец“ е веќе целосно скапано на лозите. Од СДСМ Кавадарци алармираат дека најавените комисии за проценка на штетите по 25 септември се предоцна и бараат итно формирање на Државна комисија уште во наредните два до три дена, како и целосно обештетување на сите погодени лозарски семејства кои се соочуваат со егзистенцијална пропаст.

Во продолжение ви ја пренесуваме прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Кавадарци, д-р Тони Јованов, во целост и интегрално:

Почитувани граѓани, почитувани лозари, почитувани медиуми,
Изјавите на градоначалникот Митко Јанчев и министерот за земјоделство Борче Серафимовски дека откупот на грозјето тече непречено и дека оппозицијата шири дезинформации се чиста манипулација и бегство од реалноста со која се соочуваат вистинските земјоделци.
Градоначалникот и министерот да престанат да даваат лажни слики од канцеларии и наместени средби. Им порачуваме уште веднаш да излезат на терен, да влезат во лозовите насади и да поразговараат со вистинските лозари, а не со нивните партиски послушници и пиони! Таму, меѓу лозјата, ќе ја видат вистинската слика за катастрофата што го погоди Тиквешкиот регион.
Истакнуваме дека најавата на Митко Јанчев дека комисиите за утврдување штета ќе формирале дури по 25 септември е уште една евтина манипулација за купување време. 25 септември е предоцна!
Реалноста на терен е застрашувачка:
• Веќе над 50% од грозјето од сортата „Вранец“ е целосно скапано на самите лози.
• Оваа сорта грозје може да издржи уште најмногу 2 до 3 дена – секој изминат час понатаму значи целосна пропаст за трудот на лозарите.
Затоа, бараме ИТНА РЕАКЦИЈА:
• Неодложно и уште во текот на овие неколку дена да се формира Државна комисија за утврдување штети која веднаш ќе излезе на терен.
• Итно да се направи проценка и да се донесе одлука за целосно обештетување на сите погодени лозари.
Не може Владата на Мицкоски да има 5,5 милиони евра за Дејви Гета, а да нема пари и мерки за помош на лозарите во оваа кризна година.
Маката на земјоделецот не трпи партиски пресметки и одложувања. Лозарите остануваат без својата егзистенција додека власта си игра со рокови. Доколку веднаш не се преземат чекори за спас на она што остана и за брзо обештетување, одговорноста за банкротот на лозарските семејства ќе падне директно на Митко Јанчев и Борче Серафимовски.
Видео:

Издвојуваме