spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски го разнесе Лефков: „Миле бегството од тестирање е потврда дека си корисник на кокаин!“

 

Јон Фрчкоски упати директно и брутално видео-обраќање до пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изнесувајќи тешки обвинувања за шверц на тони дрога, заткулисни врски со криминалното подземје и длабока зависност од пороци. Во оваа жестока порака, Фрчкоски отворено го обвини Лефков не само за проблеми со алкохолот, туку и за активно користење кокаин, истакнувајќи дека неговото бегство и одбивање да се подложи на јавно тестирање за наркотици е директна потврда дека пратеникот е редовен корисник на кокаин. Според Фрчкоски, одбивањето да застане рамо до рамо на медицинскиот тест е јасен доказ дека Лефков се плаши од резултатите кои недвосмислено би ја откриле неговата зависност.

Текстот и видеото од постот на Фрчкоски ви го пренесуваме интегрално:

Миле, единствените дилери во земјата сте вие. Твојот шеф Мицкоски, ти, вашата партија, вашата екипа. Вие пренесувате 5 тони дрога преку граница. Симе што пука е со твојот шеф, се сеќаваш ли? Цел албум со Мицко имаат. Вашиот дилер. Сите се ваши.
​Ако не се сеќаваш, мораш да го намалиш пиењето. Стар си бре и за други работи.
Миле, сега на сите им е јасно, не само што имаш проблем со алкохолот, туку и со дрогата. Ај што имаш ти, туку веројатно и половина од вашата банда.
Миле, нема бегање од вистината.
Јас бев млад, згрешив, но тебе на твои години не ти доликува.
А бидејќи ветив дека ќе одам со тебе, еве ветувам дека ќе одам сам. За да не биде дека само зборував, знаејќи дека ти не смееш бидејќи на тестот сè се гледа.
Ти се јавувам наскоро, Миле, со резултатите, оние на кои ти не смееш да отидеш.
Поздрав, Миле.
Видео:

Издвојуваме