spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Родот скапува, откуп нема – криминалната власт на Мицкоски ги остави земјоделците сами

Филипче: Родот скапува, откуп нема, криминалната власт на Мицкоски ги остави земјоделците сами

Соочени со затворени откупни пунктови, понижувачки ниски откупни цени и отсуство на каква било државна поддршка, македонските земјоделци се наоѓаат пред целосен финансиски колапс. Претседателот на опозицискиот СДСМ, д-р Венко Филипче, преку остра реакција ја обвини власта предводена од Христијан Мицкоски за тотална незаинтересираност и неспособност да ги заштити домашните производители. Според Филипче, наместо поддршка, земјоделците се соочуваат со скапување на родот по нивите и прекинат пристап до европските ИПАРД фондови поради коруптивни скандали, што директно го загрозува националното производство на храна и доведува до опустошување на македонските села.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Родот скапува на нивите, откуп нема, а земјоделците кои вложиле сопствени средства, па дури и земале кредити за репроматеријали, се соочуваат со сериозни последици од кризата, додека криминалната власт на Мицкоски не презема соодветни мерки за нивна поддршка, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче посочи дека во изминатиот период СДСМ се сретна со стотици земјоделци на терен – лозари, сточари, млекопроизводители, оризопроизводители и производители на пиперка – при што сите се соочуваат со истиот проблем.

„Прво се разочарани, разочарани поради тоа што никој од власта не им обрнува никакво внимание. Понатаму се многу загрижени и исплашени затоа што и покрај тоа што работат од сабајле до вечер ги вложиле последните пари од семејните буџети, некој од нив дури зел и кредити за да купат репроматеријали да може оваа година, овие сезони да има род. И сега нема никаков откуп. Родот скапува на нивите. Онаа мала количина на производот којшто тие го произведуваат, којшто е откупен, е со мизерно ниски цени“, потенцираше Филипче.

Филипче истакна дека последиците од непреземањето навремени мерки за поддршка на земјоделците ќе бидат долгорочни и ќе се одразат не само врз земјоделските семејства, туку и врз домашното производство на храна.

„Ова е прашање на опстанок на илјадници семејства коишто живеат од земјоделството. Затоа што ако оваа година сега не го направиме, тогаш земјоделците ќе ги напуштат нивите, а ние ќе се соочиме со пусти ниви, пусти градови и села, немање доволно производство на храна и поскап увоз од следната година натаму“, порача Филипче.

Филипче ја обвини власта за начинот на кој управува со јавните средства и со политиките во земјоделството.

„Што направи оваа власт? ИПАРД-от се укина. Зашто? Затоа што ги фатија како крадат пари од Европа, обвини Филипче.

Филипче посочи дека токму поради ваквата состојба е неопходна конкретна и навремена поддршка за земјоделците, предвидена со предлог-законот, подготвен врз основа на нивните реални потреби и барања.

„И затоа оттука во разговор со нив, врз основа на нивните реални потреби, врз основа на тоа што навистина сакаат да го видат како поддршка, нашата пратеничка група на СДСМ и коалицијата, денес ќе поднесе предлог-закон за финансиска поддршка за намалување на последиците од економската криза во 2026 година врз производството и откупот на земјоделските производи“, рече Филипче.

Линк до видео:

Издвојуваме