spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) Борозан:Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега – Обвинителството мора да постапи

ФИНАНСИСКИ СКАНДАЛ: СДСМ ја разоткри новата шема на Мицкоски – 5,5 милиони евра од Лотарија за една вечер!

СДСМ упати жестоки обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски за драстично недомаќинско и нетранспарентно трошење на народните пари. Од партијата направија споредба меѓу прославата за НАТО во 2018 година, која чинеше транспарентни 244 илјади евра, и неодамнешната манифестација организирана од актуелната власт, за која беа потрошени вртоглави 5,5 милиони евра преку Државната лотарија – дури 23 пати повеќе пари.

На прес-конференција, Маја Серафимовска-Борозан од СДСМ истакна дека обидите на Мицкоски да се оправда дека не станува збор за буџетски средства се чиста лага, бидејќи парите од нераспределената добивка на Лотаријата директно му припаѓаат на државниот буџет. Од партијата обвинуваат за криење на договорите, фактурите и анексите, сомневајќи се во криминална шема и провизии. Социјалдемократите упатија директен апел до Јавното обвинителство и обвинителот Ненад Савески итно да отворат предмет, да ја обезбедат документацијата и да ја следат трагата на милионските суми.

Соопштението ви го пренесувам интегрално:

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

Само една едноставна споредба која целосно ја разоткрива разликата меѓу домаќинско и криминално управување со народните пари.

Во 2018 година, по повод поканата за членство во НАТО, Владата предводена од СДСМ организираше прослава во 15 градови низ целата држава.

Целата прослава чинеше 244 илјади евра, платени од буџетот.

Сè беше јавно и транспарентно објавено.

Јавноста беше информирана колку чини прославата и за што се трошат парите.

Така е домаќински и правилно.

Сега со Мицкоски и ВМРО 5,5 милиони евра се потрошени.

Дваесет и три пати повеќе пари!

Пари од Државната лотарија, од нераспределената добивка која требало како дивиденда да заврши во државниот буџет.

Затоа, лагата дека ова не се буџетски или народни пари не поминува. Тоа се пари на граѓаните. И мора да има одговори каде се потрошени и да има одговорност.

Мицкоски прво излажа дека прославата ќе чини „нула денари“. Потоа се обиде да ја сокрие сметката, докуметните, анексите, договорите, фактурите.

Наместо отчетност и транспарентност, криење, молк за провизиите и за тоа во чии џебови завршија 5,53 милиони евра.

Ете ја разликата.

Мицкоски организираше една вечер за 5,53 милиони евра – скриено, нетранспарентно и преку сомнителна шема со Државната лотарија.

Тоа е разликата кога државата организира домаќински и кога организира банда.

Овде мора да постапи Јавното обвинителство.

Обвинителот Ненад Савески треба веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целокупната документација и да ја следи трагата на парите.

Не мора само Мицкоски да го повикува на телефон за да постапува, не мора да чека да седне до него.

Одговорност мора да има.

Видео

 

Издвојуваме