Венко Филипче предупредува за состојбата во ПИОМ
СКОПЈЕ – Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на трибината во Аеродром излезе со сериозни предупредувања за финансиската стабилност на државата. Како што пренесува порталот napred.mk, тој посочи дека дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се зголемила двојно.
Економски ризици – Венко Филипче за задолжувањата и буџетскиот дефицит
Според информациите што ги објави napred.mk, лидерот на опозицијата нагласи дека недостигот од средства за пензии може да предизвика дополнителни задолжувања на земјата.
„За две години дупката во Пензискиот фонд достигна една милијарда евра. Соодветно на тоа, без економски раст, единствен извор за исплата остануваат скапите заеми“ – изјави Венко Филипче, а пренесува napred.mk.
Интегрален текст од обраќањето на Венко Филипче
Во продолжение, порталот napred.mk го пренесува целосниот текст од изјавата на лидерот на СДСМ:
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на трибината „За достоинствен живот и подобра иднина на сите генерации“, во организација на Општинската организација на СДСМ Аеродром, предупреди на алармантната состојбата со буџетската дупка во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Филипче посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ за две години е двојно зголемена и достигна една милијарда евра, со што власта ја става во ризик исплатата на пензиите.
„Дупката во Пензискиот фонд, која за две години е дуплирана, од 500 милиони евра, сега е милијарда евра, милијарда евра фалат за да се исплатат пензиите. Ги нема во Пензискиот фонд. Треба да ги даде државата. Кога економијата не работи, од каде ќе ги најде парите? Од заеми“, рече Филипче.
Тој додаде дека и дефицитот во централниот Буџет континуирано се продлабочува, а едиснтвен извор за да може Буџетот да ги сервисира обврските ќе бидат скапите задолжувања, со што власта свесно ја турка државата во уште подлабока економска криза.
„Единствен извор на средства се само скапи заеми, скапи заеми со кои што ќе се пополнуваат дупките во Буџетот, за да се дадат плати, за да се дадат пензии. Никако скапи заеми кои што ќе придонесат за некаков раст на економијата. И ние одиме се повеќе и повеќе во дупка. Ризикуваме да завршиме со економска криза како Грција пред неколку децении. Тоа е неминовноста. И тоа го укажуваат економистите“, рече Филипче.
Во тој контекст, Филипче предупреди дека и изолационистичката политика на власта дополнително го зголемува ризикот за економијата, бидејќи со оддалечувањето од европскиот пат ќе има сè помалку можности за европско финансирање.
„На сите европски престваници многу добро им е јасно што прави Христијан Мицкоски, дека ги лаже. Дека зад наводните изговори за Бугарија, се кријат само нивните интереси, да не се случи ништо. Тоа не е изолирана работа која што се однесува само на напредокот на земјата. Тоа е директно поврзано со економската состојба во земјата. А ако кај нас ги снема европските пари, а постепено ги снемува, и уште помалку ќе ги има, и што ќе се случи? Ќе продолжи овој систем кој што сега се случува, а тоа е да сме доведени во ситуација да е единствен извор на средства ни се само скапи заеми“, рече Филипче.
Видео:
Извори на податоци:
-
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ – Извештај од трибината во Општина Аеродром.
-
Официјален видео-сервис на СДСМ – Говор и изјава на д-р Венко Филипче.
-
Информативен сервис на napred.mk – Економски и политички анализи.




