spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ: Што ќе каже Мицкоски кога и Фон дер Лајен го потврди македонскиот јазик и идентитет?!

СДСМ ПРАШАА ДИРЕКТНО: „Што сега ќе каже ‘патриотот’ Мицкоски откако и Фон дер Лајен во Скопје го потврди македонскиот јазик и идентитет?!“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) упати остра и директна реакција по денешната заедничка прес-конференција во Скопје на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и премиерот Христијан Мицкоски.

Од опозициската партија посочуваат дека со изјавата на Фон дер Лајен — дека Европа ја пречекува Северна Македонија со сите нејзини специфичности, со заштитен македонски идентитет и македонски јазик — паѓаат во вода сите лажни изговори и предизборни манипулации на владејачката партија. Според СДСМ, главната пречка за евроинтеграциите не се македонските национални обележја, туку стравот на власта од реформите во правосудството и влезот на Европското обвинителство предводено од Лаура Ковеши.

Како што пренесува napred.mk, во продолжение ви го пренесуваме соопштението за јавноста од СДСМ во неговата интегрална форма.

Интегрално соопштение за јавноста на СДСМ:

На заедничка прес конференција во Скопје, во Владата, Претседателката на Европската комисија кажа: местото е во Унијата. Останува еден чекор – да се отвори првиот кластер, Основи. И рече јасно: Европа ја пречекува Северна Македонија со нејзиниот идентитет и со нејзиниот јазик.

Културата и јазикот ја прават Унијата побогата.

Мотото е различност и обединетост.

Тоа е реченицата што Мицкоски во кампањата ја продаваше како предадена. Никогаш Северна. Укинување на Преспански договор. Враќање на името.

Па дојдоа на власт.

Е откако дојдоа Преспа ја нанарече ремек-дело на дипломатијата. Силјановска рече: јазикот, културата и национален идентитет се заштитени. Тимчо рече: НАТО никогаш подобра работа за бизнисот.

Сега и Фон дер Лајен, пред камери, пред арамијата: ве чекаме со вашиот идентитет и ваш јазик.

Што остана од патриотизмот? Бугарските пасоши во редовите на ВМРО. Фирмите во Бугарија. И
обвинението дека другиот работи по налог на Радев. Латас – Гебелс.

Чекорот што го бара ЕУ не е предавање. Основите се: судство, обвинителство, борба против корупција. Истиот чекор што Мицкоски го запира две и пол години.

Второт рок истече. 1 јуни беше ветување. Ниту глас. А пред членство – Лаура Ковеши.

Затоа вели „не по секоја цена“. Не поради јазикот, не поради идентитетот. Поради истрага и страв од одговорност.

Патриотот нема што да каже. Идентитетот го потврди Брисел. Вратата ја држи тој.

СДСМ го кажа ова уште пред избори. Денеска го рече и Фон дер Лајен.

Лагата остана кај бандата.

Издвојуваме