Опозициската партија СДСМ преку соопштение упати жестоки критики до ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Миле Лефков, обвинувајќи ги за свесна манипулација на јавноста. Од СДСМ тврдат дека власта лажно го поврзува најавениот дата-центар за странски инвеститор со Реформската агенда на ЕУ, со цел да го прикрие неиспорачувањето на ветените европски реформи и да ги стави државните ресурси во функција на приватни интереси.
Интегрално соопштение на СДСМ:
Пратеникот на ВМРО-ОКГ, Миле Лефков, денеска тврди дека националниот дата-центар бил обврска од Реформската агенда со ЕУ.
За кредибилитетот на Лефков нема потреба да трошиме ниту збор.
Но, ова е уште една класична манипулација.
Реформската агенда требаше да биде завршена до 1 јуни – како што самиот Мицкоски вети.
Наместо да ги испорачаат ветените реформи, сега измислуваат дата-центар и го ставаат под капата на „европска обврска“.
Што има заедничко националниот дата-центар (за чување на податоци на државните институции) со дата-центарот што Мицкоски го најавува за некој странски инвеститор, со огромна потрошувачка на струја и вода?
Апсолутно ништо.
Станува збор за две сосема различни работи.
ВМРО-ОКГ толку многу лаже и свесно ги манипулира граѓаните за да ги збуни и да ја прикрие вистинската намера – ресурсите на државата да ги стави во функција на приватни интереси.
Ова е спин.
Ова е обид да се оправда нешто што нема никаква врска со европската агенда, туку со тендерски апетити.
Зошто постојано мешаат јавни обврски со приватни дата-центри за инвеститори?
Затоа што многу, многу лаже криминалната група ВМРО и Мицкоски




