Владеењето на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно го покажува своето вистинско лице преку невидено лицемерие кога станува збор за клучните прашања за здравјето, животната средина и иднината на граѓаните. Додека беше во опозиција, Мицкоски гласно се противеше на отворањето на рудникот Иловица, глумејќи заштитник на народниот и колективниот интерес. Меѓутоа, со влегувањето во премиерската фотелја во 2026 година, реториката драстично се промени – заштитата на водата и воздухот беа заменети со бескомпромисно туркање на ископот на антимон во Крива Паланка под изговор на „државен интерес“.
Од СДСМ реагираат дека не постојат двајца различни политичари, туку еден и ист човек кој без срам ги погази сопствените ветувања. Исто како што пред изборите ветуваше поништување на Преспанскиот договор и враќање на старото име, а потоа го нарече ремек-дело, така денес го жртвува здравјето на луѓето за лични и партиски профити. Од опозициската партија потсетуваат дека опасностите од антимонот се реални и сериозни, а власта која не може да обезбеди ниту основна чиста вода за пиење, не смее да гарантира за безбедноста на токсични ископи.
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението за јавност од СДСМ во неговата интегрална форма:
Во 2023, додека беше опозиција, за Иловица зборуваше дека „се брани приватен интерес на сметка на колективниот интерес на граѓаните во тој регион“.
“Најавуваше дека идната влада на ВМРО ќе го решава случајот. На 19 јули 2023 кажа: ако бил излажан, ќе барал поништување на концесијата. Здравје. Животна средина. Локално народ на протест.
Во 2026 е премиер. Па, на 17 април: противниците на антимонот „ќе налетаат на тврд орев.“ Вчера: нема повлекување, тоа е иднината на земјата. Стратегија.
Економија. Дубаи. ДФЦ.
Истата уста. Два различни принципа.
Кај Иловица аргументот беше заштита на граѓаните и на водата. Кај антимонот аргументот е касата и „државен интерес.“
Прашањето е просто: ако во 2023 здравјето на луѓето вредеше против рудник, зошто истиот принцип не важи за антимонот денес?
Антимонот не е поезија. ЦДЦ предупредува дека прашината од антимон ги напаѓа белите дробови и срцето. ИАРЦ го класифицира тровалентниот антимон како потенцијално канцероген за луѓе – група 2А.
Ризикот зависи од обликот, концентрацијата, ископот, водата, јаловината. Токму затоа контролата мора да биде построга, не послаба.
А оваа власт единаесет недели не даде извештај за Гостивар.
Педесет места без безбеден статус на водата за пиење. Лепенец и Вардар без име на загадувач. Не може да гарантира вода без фекалии. Ќе гарантира ископ?
Концесиите за Иловица ги даде ВМРО во 2012 и 2013. Мицкоски тогаш беше во кругот на Груевски. Во опозиција се прави заштитник. На власт го впишува рудникот во просторниот план до 2040.
Народот пак не е на маса. Провизијата е.
Ова не е промена на експертиза. Ова е промена на фотелја. Истата техника како предизборните ветувања: никогаш Северна, укинување на Преспа, враќање на името.
Дојде на власт. Преспа ја нарече ремек-дело. Името остана. Реформите ги закопа. Сега ќе копа антимон.
СДСМ точно го именува. Нема двајца Мицкоски. Има еден арамија.
Во опозиција брани колективен интерес. На власт го продава.
Лажеше за името. Лаже за рудникот. Лаже за иднината. Иднината што ја продава е дупка. Сметката е на народот.
А што се однесува до Крива Паланка, нека го праша народот. СДСМ одамна бараше референдум.
Мицкоски, прашај го народот. Не само пред камери и за телевизија. Прашај го на референдум.




