СДСМ излезе со цврсти докази и документи кои во целост ги демантираат тврдењата на Никола Ќурчиев и ја потврдуваат вистината за финансиската поврзаност меѓу власта и таканаречената „Платформа“. Иако Ќурчиев се обиде да редемантира, објавените документи неоспорно потврдуваат дека фирмата со која тој соработува и која ја претставува добила тендер од 1,6 милиони евра од ЈП за железничка инфраструктура, уште еднаш испраќајќи порака дека СДСМ не е на продажба.
ИНТЕГРАЛНО СООПШТЕНИЕ:
Соопштение за јавност: Еве ги документите за тендерот 1,6 милиони евра и фирмата поврзана со Никола Ќуркчиев
Фирма поврзана со еден од луѓето во таканаречената Платформа на Мицкоски за поделба на СДСМ добила тендер од државно претпријатие во вредност од 1,6 милиони евра, обелодени претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Потоа Никола Ќуркчиев излезе со демант.
Еве ги документите.
Претседателот Филипче многу јасно кажа и докуметните со кои располагаме и сега дел од нив јавно ги објавуваме тоа го потврдуваат: фирма што ја претставува и со која соработува поранешниот секретар на СДСМ, Никола Ќуркчиев, добила тендер од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на 17 јуни 2026 година.
Што демантира Ќуркчиев? Се е јасно како ден!
Ако за нив СДСМ вреди 1,6 милиони евра нашата порака е јасна: СДСМ не е на продажба.






