spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

Јовановиќ: ГОЛАТА ВИСТИНА ЗА ‘ПЛАТФОРМАТА’: Ронат солзи пред камери, а под маса лапаат милионски тендери од ВМРО!

Познатиот аналитичар Ненад Јовановиќ со жестока и безпоштедна анализа ја отвора пандорината кутија за политичкото подземје и таканаречената „Платформа“, дефинирајќи ја како опасен инженеринг за уништување на опозицијата за туѓа сметка. Споредувајќи ги актуелните случувања во Скопје со српското сценарио од 2012 година за доаѓањето на Вучиќ на власт, Јовановиќ предупредува дека обидот да се сруши Венко Филипче не е ништо друго освен платена егзекуција на социјалдемократијата. Додека лажните опозиционери глумат идеолошка чистота пред камерите, нивните фирми уредно лапаат милионски тендери од власта на ВМРО-ДПМНЕ, правејќи го Филипче последната кочница пред земјата засекогаш да ја затвори европската врата и да потоне во децениска изолација.

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ:

ЗОШТО ФИЛИПЧЕ МОРА ДА ИЗДРЖИ
Орвел одамна напиша, а Кундера уште подобро запиша како изгледа моментот кога едно општество крева раце од себе. Тоа е
оној час кога наводната елита ќе прогласи дека борбата е премногу заморна, па ќе си легне во топлата постела на цинизмот.
Десницата никогаш не победува затоа што има подобри идеи. Победува затоа што левицата, од пуст пубертетски инат и повредена суета, редовно ја пали сопствената куќа за да му се налути на газдата.
Од тој себичен паланечки гнев отсекогаш се раѓале најголемите историски пропасти. Кога ќе падне завесата, сметката секогаш ја плаќаат оние што немаат пари за апстиненција.
Во калта на денешна Македонија, оваа приказна се повторува со застрашувачка точност. Ова е чиста реплика на српските „Бели ливчиња“ од 2012 година.
Тогашната белградска елита од чист инат сруши сè пред себе, филозофирајќи дека „сите се исти“. Веќе следното утро се разбудија под бетонската чизма на Вучиќ, која ја трпат до денес.
Денес во Скопје, истиот тој рецепт за самоуништување се пакува под името „Платформа“.
Се собраа бивши функционери, транзициски рентиери кои со децении ја цицаа партиската супстанца, па сега во „12:05“ глумат дека доживеале идеолошко просветлување. Нивната цел е банална: Венко Филипче мора да се избрка, а СДСМ да се претвори во политички леш.
Човекот кој ја презеде партијата во слободен пад и се обиде да воведе каков-таков технократски и цивилизациски ред, за нив е смртен непријател. Зошто? Затоа што не се вклопува во нивниот кафански фолклор на трговија со влијание.
Нивните приказни за „чистота на идеалите“ брзо пукаат пред суровите факти. Додека овие луѓе пред камерите ронат солзи за социјалдемократијата, фирми поврзани со нивните клучни протагонисти уредно, без грам срам, лапаат милионски тендери од државните претпријатија под капата на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е тој инженеринг што Филипче точно го дефинираше како „ЗНАМ 2.0“.
Тоа е фабрика за лажна опозиција со единствена задача: да го скрши секој отпор кон власта, а во заднина да си наплати приватна рента. Тоа не е реформа, туку класична егзекуција на левицата за туѓа сметка.
Ова ви го кажува човек кој никогаш ништо од никого нема побарано, ниту земено. Мојата слобода вреди колку моето право работите да ги наречам со вистинското име.
Филипче не е мој идеолошки светец, ниту на Македонија ѝ требаат нови месии. Но во овој момент, тој е прашање на елементарна ментална хигиена.
Поддршката за него не е бланко чек за воодушевување, туку одбрана на последната кочница пред еднопартискиот очај и мракобесие.
Тој е браната која ја спречува земјата засекогаш да ја затвори европската врата и да потоне во децениска изолација.
Ако им дозволиме на овие шалабајзери да ја довршат својата платена егзекуција, Македонија ќе престане да биде функционално општество. Филипче едноставно мора да го издржи овој удар, за паланката конечно да сфати дека нејзиното време помина.
Линк од објавата:

Издвојуваме