Заедно и силни: НАТО упати честитка по повод Денот на независноста
Македонија денес го одбележува Денот на независноста, а честитки пристигнуваат од сите страни на светот. Посебна порака упати и НАТО Алијансата, истакнувајќи ја силната поддршка и сојузништвото што го делиме.
Со пораката „Придружете ни се во одбележувањето на независноста на нашиот сојузник, Северна Македонија“, Алијансата уште еднаш ја потврди заедничката посветеност на мирот, стабилноста и безбедноста.
Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија рамо до рамо со нашите НАТО сојузници продолжуваат да бидат гарант за сигурна иднина.
Честит 8 Септември – Ден на независноста!





