СКОПЈЕ — Политичките тензии меѓу власта и опозицијата на домашната сцена достигнуваат точка на вриење по соопштението испратено од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Како реакција на последните јавни настапи и говори на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од опозициската партија упатија серија тешки обвинувања поврзани со наводни политички притисоци, соработка со надворешни политички актери и страв од истрагите на европските институции.
Тимот на napred.mk ги следи овие остри политички соочувања кои го најавуваат почетокот на исклучително динамичен и затегнат период во македонската политика, каде што борбата за легитимитет и одговорност го зазема централното место.
Интегрално соопштение на СДСМ:
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во целост:
Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коски!
Во Брвеница синоќа не зборуваше премиер. Зборуваше човек што губи.
Паѓа ВМРО. Паѓа тој. Народот им ја зема довербата.
Паниката има име: Лаура Ковеши. Европско обвинителство. Истрага што не застанува пред презиме, функција и партиска книшка.
Сам призна дека води војна против СДСМ. Не против криминалот туку против единствената опозиција што го именува.
Војната ја води со цела екипа. Со Вучиќ, со Орбан, со нивните медиуми, со таканаречените новинари и лажни аналитичари. Ја води со Русија, со играчи на БИА, со Латас, со Ивона.
Со луѓе без морал. Со тендер-патриотите од ЗНАМ. Со руската Левица, анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка, што не влезе во салата и не гласаше за минимална плата од 600 евра. Ја води со Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони.
Сателити. На далечинско. Не со народ.
Луксуз-патриоти со бугарски пасоши. „Институција“ со часовници од 60.000 евра и костим од 10.000. Народот нема за храна, нема за сметка. Тој има за се. Затоа таков говор во Брвеница и закана за втор круг.
Христијане. Ќе одговараш. Ти и целата банда. И тоа го знаеш. Затоа врескаш.
Затоа ти треба алиби. Затоа ти треба сателит, не глас.
СДСМ, заедно со народот, ќе ја врати власта во рацете на народот. Вистината стигна. Правдата доаѓа.
За Организираната криминална група ВМРО-ОКГ нема втор круг. Има прв круг – одговорност.




