spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

Кога ботовите ќе ги помешаат лончињата: Како ВМРО-ДПМНЕ откри „кинески шпиони“ во локалниот водовод

Познато е дека во македонската политика границата меѓу геопoлитичката драма и нискобуџетната комедија е покриена со многу тенка линија. Најновото партиско соопштение од Белата палата ни носи заплет достоен за холивудски шпионски трилер: наводно, загриженоста за цената на струјата и питката вода во Македонија веќе не е обична граѓанска или еколошка тема, туку директна оперативна задача нарачана од Пекинг.

​Според логиката на владејачката партија, секој што ќе праша колку киловат-часови ќе потрошат новите дата-центри или дали ќе има доволно вода за ладење на серверите, автоматски станува таен агент на Кинеската комунистичка партија кој работи на подривање на македонско-американското пријателство. Наместо да понудат конкретни бројки, студии за животна средина или економски анализи за најавените инвестиции, полесно е сите критичари да се прогласат за „кинески ботови“ и да се спакуваат во ист кош со марихуаната и геополитичките теории на заговор.

​Во продолжение ви го пренесуваме ова соопштение во неговата оригинална, несоодветно драматична форма:

Соопштенија / реакции

02.09.2026

Кој е интересот на талогот на СДС и Филипче да се стават на линија на Кина, против нашиот стратешки партнер, САД?

СДС хистерична само декларативно е прозападно ориентирана партија, затоа во пракса се покажува дека е на линија на Кина и против САД.

Тоа се гледа во нивното делување, лажењето, заплашувањето и хистерија која ја креираат во државата за да се спротивстават на можноста во Македонија да се градат дата центри и да се развива ИТ индустријата.

Изговорите им се дека со тоа ќе се зголеми потрошувачката на електрична енергија, ќе се зголеми цената на струјата и дека ќе се загрозела водата за пиење.

Која случајност, истите овие тези, како што известуваат американски медиуми, ги користат кинески ботови по социјалните мрежи во САД со цел да ги свртат Американците против изградбата на дата центри и системи за вештачка интелигенција.

На нас не ни требаат кинески ботови, за тоа го имаме талогот на СДС на чело со Венко Филипче кои се на иста линија со Кина, против нашиот стратешки партнер САД и против развојот на нашата држава.

Кампањата на Кина преку ботови на социјалните мрежи, со цел во Америка да се спречи дополнителен развој на вештачката интелигенција и дата центрите е затоа што тие им се најголема конкуренција.

Но, тоа што не е јасно која е целта и интересот на талогот на СДС за истото да го прават во Македонија и оттука да делуваат против нашиот стратешки партнер.

Дали СДС повеќе би сакале во држава да инвестираат кинески компании отколку напредни ИТ компании од САД?

Или пак СДС единствено што знае е развој на марихуана економија за свои клановски интереси, нешто што го видовме за седум години власт кога доделија околу 70 лиценци за производство на марихуана на нивни луѓе.

Македонија мора да развива и да обезбедува напредни и добро платени работни места, преку инвестиции во вештачката интелигенција и ИТ секторот, затоа што тоа е иднината и во таа насока се движи светот.

Издвојуваме