spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

КАТАСТРОФА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО: Филипче алармира за очајот на земјоделците – пиперката скапува, тутунот уништен, а откупот на пиперката е по МИЗЕРНИ 17 денари!

Состојбата во македонското земјоделство го достигнува своето критично точка, додека производителите ширум државата се соочуваат со егзистенцијален колапс и игнорирање од страна на власта. Лидерот на СДСМ, Венко Филипце, по теренските посети во општините Кривогаштани и Долнени, упати жестоки критики до премиерот Христијан Мицкоски и Владата, посочувајќи дека земјоделците се препуштени самите на себе со празни раце и пропаднат труд. Според Филипце, додека црвената пиперка скапува по нивите поради навремен и неорганизиран откуп, а тутунарите претрпуваат огромни штети од невремето, властите не нудат никакви заштитни мерки ниту исплата на субвенциите. Во исто време, тој најави дека СДСМ подготвува пакет предлог-мерки за итна финансиска поддршка за спасување на овој загрозен сектор.

Во продолжение ви ја пренесуваме објавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипце, во целост и интегрално:

Во земјоделството луѓето плачат, а власта не сака да ги слушне. Земјоделците од цела држава се соочуваат со исти проблеми – нема откуп, родот им скапува, субвенциите се и намалени и неисплатени. Мицкоски и неговата криминална Влада го доведоа до пропаст земјоделството, а земјоделците до егзистенцијална криза.
Во општините Кривогаштани и Долнени ги слушнав проблемите на земјоделците – работат, вложуваат, произведуваат, а на крај остануваат сами со пропаднат род и празни раце.
Црвената пиперка скапува затоа што не се откупи навреме. И тоа што малку се откупува е по мизерни 17 денари за килограм – цена која, во услови кога сè е поскапено, не ги покрива ниту производните трошоци.
Во Дебреште, општина Долнени, тутунарите имаат дополнителен проблем – невремето им го уништи тутунот, а власта повторно во најтешкото не им помогна.
Арамијата Мицкоски не носи мерки, нема пари за земјоделците, ама има 5,5 милиони евра за криминални договори.
СДСМ ќе понуди конкретни решенија. Ќе поднесеме предлог-мерки за финансиска поддршка на сите земјоделци кои се погодени од економската криза.
Мора да им се помогне на земјоделците. Мора да имаат сигурен откуп, фер цена и сигурност дека трудот вложен цела година нема да заврши во отпад.

Издвојуваме