spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

Герасим Лазов со жестоки критики кон Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ — „Додека народот осиромашува, тие фрлаат милиони на луксуз!“

Герасим Лазов со жестоки критики до власта: Додека народот осиромашува, Мицкоски фрла милиони на луксуз ​

Претседавачот на Централниот Одбор на СДСМ Герасим Лазов излезе со низа сериозни обвинувања на сметка на Владата предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, квалификувајќи го нивното владеење како „тотален морален и економски колапс“.

​Според Лазов, Македонија се наоѓа пред историски колапс поради, како што вели тој, парадоксот во кој државата се празни со најбрзо темпо во Европа, додека функционерите трошат милионски буџети за сопствена апанажа, приватни забави и партиски апетити. Во својата реакција, тој посочува дека наместо ветените реформи и подобрување на животниот стандард, граѓаните и младите се соочуваат со економска безнадежност, инфлација и притисок за иселување.

​Лазов посебно го истакнува, според него, „лицемерието на власта“, посочувајќи на нетранспарентно трошење пари кон приватни компании, занемарување на домашниот земјоделец и арогантен однос кон критичарите и новинарите.

​Во продолжение следува целосната изјава/текст…

ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ПАРАДОКС: Додека Владата на Мицкоски фрла милиони на луксуз, ВМРО-ДПМНЕ го осиромашува народот!
Македонија се наоѓа пред историски колапс, соочена со феномен кој ги шокира сите искрени граѓани: како е можно државата да се празни со најбрзо темпо во Европа, додека Христијан Мицкоски и неговата власт слават со милионски буџети испумпани директно од џебот на народот?
Додека обичниот граѓанин се бори со секојдневните поскапувања, инфлацијата и прашањето дали платата ќе му стигне за најосновните потреби, ВМРО-ДПМНЕ ја користи власта исклучително за сопствена апанажа, лична промоција и задоволување на партиски апетити. Ова не е само политички пропуст — ова е тотален морален и економски колапс на режимот на Мицкоски, кој веќе со месеци ветува „реформи“, а на младите им нуди единствено билет во еден правец надвор од татковината.
ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ: Однос кон народот како кон „талог“, а за себе милионски привилегии
Најголемиот парадокс во македонското општество произлегува токму од лажниот патриотизам и агресивниот популизам на ВМРО-ДПМНЕ. Додека пред изборите се колнеа во зачувување на идентитетот, традицијата и заштита на домашниот работник, реалноста по нивното доаѓање на власт ја оголи нивната вистинска матрица:

• Милионски суми за забави и негледање сметки: Со години критикуваа недомаќинско трошење, а денес Владата на Мицкоски за само еден настан фрла над 5 милиони евра народни пари. Се ангажираат приватни компани со блокирани сметки и долгови кон УЈП, без јавни повици и без транспарентни тендери, додека функционерите одговараат со ароганција и навреди кон новинарите кои прашуваат каде одат парите.

  • Заборавениот земјоделец и уценетиот стопанственик: Додека македонскиот земјоделец е принуден со моторни пили да ги сече сопствените лозја и да го фрла родот поради негрижата на министерството, власта се фали со статистички лаги.
  • Ароганција кон граѓаните: Кога луѓето бараат одговорност за своите тешко заработени пари, добиваат етикети, омаловажување и однос кој го третира сопствениот народ како обичен „талог“.
Овој модел на владеење — каде што популизмот и лажниот патриотизам служат само како параван за криминал, неконтролирано трошење и партизација — е директно пресликан од најмрачните европски десничарски структури. Пораката на Мицкоски до граѓаните е повеќе од јасна: „Сиромаштија и правила за вас, милиони и луксуз за нас.“
ВРЕМЕ Е ЗА КРАЈ НА РАСИПНИШТВОТО НА МИЦКОСКИ!
Македонскиот народ нема повеќе време за губење ниту луксуз да биде пасивен посматрач на сопственото пропаѓање. Борбата за праведна, европска и демократска Македонија не е апстрактна фраза, туку бескомпромисна битка против режимот кој повторно ја заглавува државата во изолација, должничко ропство и безнадежност.
Вистината не може да се сокрие со PR-трикови и скапи прослави. Граѓаните секојдневно гледаат кој навистина се бори за нивниот животен стандард, а кој ја користи државата како приватен имот на ВМРО-ДПМНЕ.

Издвојуваме