Завршниот натпревар од 5. коло во ПМФЛ меѓу Тиквеш и Вардар заврши со поделба на бодовите (1-1).

Камара го донесе Тиквеш во водство во 21. минута, но само четири минути подоцна домашните останаа со играч помалку по директниот црвен картон на Лавал. Вардар брзо реагираше и израмни преку Омерагиќ пред крајот на полувремето, но до крајот на средбата не успеа да ја искористи бројчаната предност за целосен пресврт.
Комплетни резултати од 5. коло:
- Тиквеш – Вардар 1-1
- Башкими – Шкендија Арачиново 1-2
- Арсими – Скопје 0-0
- Струга – Брегалница 4-0
- Силекс – Шкендија 0-2
Табела по 5. коло:
- Шкендија – 15
- Струга – 10
- Тиквеш – 8
- Силекс – 7
- Вардар – 7
- Шкендија Арачиново – 7
- Арсими – 7
- Брегалница – 6
- Скопје – 3
- Башкими – 0




