ПРЕМИЕРА: Документарниот филм „Глигоров од Македонија“ по повод 35 години од независноста
Во пресрет на големиот јубилеј — 35 години од прогласувањето на независноста на македонската држава, македонската јавност ќе има уникатна можност да се врати на самите почетоци на државноста преку филмското платно.
Станува збор за документарниот филм „Глигоров од Македонија“, авторско дело на Никола Т. Калајџиски и Аристид Филактов, посветено на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.
Филмот донесува досега необјавени делови од интервјуа со претседателот Глигоров, нудејќи автентичен увид во визијата, мудроста и храброста кои беа клучни во преломните историски мигови при осамостојувањето на земјата. Ова остварување не е само потсетник за минатото, туку и порака за иднината — за зачувување на државноста и заветот дека Македонија е сè што имаме.
Покана за настанот
Свечената премиера ќе се одржи во организација на СДСМ како дел од одбележувањето на овој значаен јубилеј.
- Датум: 3 септември 2026 година
- Време: 19:00 часот
- Локација: НУ Филхармонија, Скопје
Се покануваат сите граѓани, почитувачи на ликот и делото на претседателот Глигоров и сите оние кои сакаат да бидат дел од оваа историска вечера.
Oфицијалното видео и дополнителни информации можете да ги погледнете на следниот линк:
https://www.facebook.com/share/v/1DuVjcXgYH/




