spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

​СДСМ: Седум недели нема документ за водата во Гостивар ниту за 50 места ширум државата, кој ќе одговара за ова?

​Поминаа седум недели од масовниот проблем со водата за пиење во Гостивар и десетици други населени места ширум Македонија, а институциите сè уште молчат и не објавуваат официјални документи за нејзината безбедност, реагираат денеска од СДСМ. Од опозициската партија бараат итно објавување на резултатите од анализите и одговорност за, како што наведуваат, системското загрозување на здравјето на граѓаните.

​Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на СДСМ во целост: ​

Поминаа седум недели. Цел еден град, Гостивар беше отруен, над 5.000 граѓани завршија по болници.

​Уште во 50 населени места ширум државата беше објавено дека има небезбедна вода:

Гостивар, Крушево, Валандово, Свети Николе, Демир Капија, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино, Ново Коњарево, Порој, Џепчиште, Речица и во уште многу други места водата не беше безбедна за пиење.

​Загадување се појави во четири реки меѓу кои Лепенец и Вардар. Цела Македонија остана без безбедна вода за пиење. ​

А одговорен – сè уште нема. Ниту еден.

​Нема ниту резултат за водата. Не е објавен документ ниту за водата во Гостивар ниту за други населени места.

​Доста беше молк. ​

Објавете ги документите, граѓаните имаат право да знаат каква вода пијат. ​Кој ќе одговара за системско труење на државата?

Издвојуваме