spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ до Мицкоски: Дали Ратко Младиќ е и ваш генерал и зошто молчите за Стоилковиќ?

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски и побара итна реакција и разрешување на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.

​Поводот за реакцијата се јавните ставови на Стоилковиќ, кој поранешниот командант на силите на Република Српска, Ратко Младиќ — осуден од Меѓународниот трибунал во Хаг за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото — го нарекува „мој генерал“. ​

Од СДСМ прашуваат дали ваквиот став е официјална позиција и на Владата. Потенцираат дека земјава мора да ги негува и брани европските и цивилизациските вредности, наместо во владиниот кабинет да седат министри кои величаат осудени воени злосторници. Опозицијата бара премиерот да не се крие зад молкот, туку јавно да го осуди овој чин и да покренува постапка за разрешување на Стоилковиќ.

​Во продолжение ви го пренесуваме интегралното соопштение од СДСМ:

Дали Мицкоски се согласува со својот министер Иван Стоилковиќ, кој Радко Младиќ – човек осуден за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото го нарекува „мој генерал“?

Дали е тоа став на Владата на Мицкоски?

Стоилковиќ е министер во Владата на Македонија и затоа неговите јавни ставови бараат одговор од премиерот.

Ако Мицкоски не се согласува со Стоилковиќ, тогаш нека го осуди неговиот став и нека го разреши.

Македонија треба да ги брани европските и демократските вредности, а не во Владата да има министри кои величаат осудени воени злосторници.

Мицкоски нека не се крие зад молк.

Нека одговори: Дали Ратко Младиќ е и негов генерал?

Издвојуваме