spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

ЈОВАНОВИЌ: Тимчо Муцунски и кралот Харалд V

Аналитичарот Ненад Јовановиќ во свој препознатлив сатиричен стил направи остроумна споредба меѓу балканскиот менталитет, скандинавскиот начин на живот и македонската инфраструктура.

​Прочитајте го неговиот фејсбук-статус во целост:

Тимчо Муцунски и кралот Харалд V

Како воопшто изгледа „национална жалост“ во Норвешка? Луѓето таму не плачат како нас на Балканот, каде што погребите личат на опера на Верди под отворено небо.

Во Осло, кога ќе чујат дека починал кралот Харалд V, тие само тажно ќе воздивнат во својата електрична Тесла, ќе го намалат греењето за половина степен за да заштедат енергија во име на монархот и ќе продолжат да јадат лосос во апсолутна тишина.

Тоа е скандинавска депресија, Тимчо! Тие ја измислија! Не им треба твојот твит за да ги депримира дополнително. И замислете ја таа „длабока поврзаност“ меѓу Македонија и Норвешка.

Што имаат тие заедничко? Ништо! Во Норвешка, ако возот доцни три секунди, министерот за транспорт си поднесува оставка, оди во манастир и се самокамшикува од срам. Во Македонија, возовите не доцнат… затоа што едноставно нема пруга!

Патиштата имаат дупки во кои може да се скрие цела викингшка флота! Ама не, нашиот Тимчо мораше да пише сочувство. Се обложувам дека следниот твит ќе му биде до Икеа:

„Длабоко сум погоден од недостигот на шрафови во пакувањето на мојата нова комода. Моето сочувство до Владата на Шведска“.

Боже господе! 🤦

Издвојуваме