spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска со жестоки обвинувања за анкетите на Мицкоски – „ВМРО објави пад од 40%, а нè убедува дека народот сака да го викаат талог!“

СКОПЈЕ — Рејтинзите на политичките партии, економската криза и трошењето на народните пари за скапи истражувања на јавното мислење го запалија новиот политички судир меѓу власта и опозицијата. На прес-конференција одржана во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, изнесе жестоки критики за последните објавени анкети од страна на владејачкото раководство.

Според СДСМ, самите анкети платени со стотици илјади евра претставуваат официјално признание за драматичен пад од над 40 проценти на довербата кај гласачите на ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата обвинува дека зад фабрикуваните проценти за задоволство од животниот стандард се крие суровата реалност на енормни поскапувања, пад на куповната моќ и економски колaпс.

Тимот на napred.mk ги следи овие затегнати случувања кои го отвораат прашањето за вистинскиот распоред на политичките сили во земјата.

Интегрално пренесена прес-конференција на Рената Младеновска (СДСМ):

Во продолжение ви ја пренесуваме прес-конференцијата на Рената Младеновска, членка на ИО на СДСМ, во целост:

Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и не убедува дека народот живее подобро и сака да го викаат талог.

Кој видел вакви анкети како што објавува Мицкоски? Платени 400 илјади евра.

Прво објавија рејтинг на ВМРО од 19,3 проценти.

Од околу 32 проценти на изборите, сега на 19 проценти. Тоа е признание за пад од преку 40% на довербата од сопствените гласачи.

Својот пад го објавија ама не ги објавија точните бројки за СДСМ. Морале, затоа што СДСМ ја враќа довербата на народот.

Потоа објавија дека граѓаните подобро живеат. Велат дека 57,5 проценти од граѓаните биле задоволни од квалитетот на живот.

Народот едвај врзвува крај со крај, работниците имаат најниски плати во Европа и во регионот, нема пари за 600 евра минимална плата, нема пари за пензии, за земјоделци, цените се до плафон.

Две минимални не ја покриваат ниту скратената владина кошничка. Со кирија, синдикалната кошничка оди над 90.000 денари. Горивото е до плафон и македонските граѓаните можат најмалку да купат од целиот регион.

Втор ребаланс за четири месеци се прави, трет во најава затоа што има огромна дупка во буџетот од 900 милиони и за пензии од 1 милијарда!

Нови долгови од 4 милијарди за само две години!

Анкетата, исто како бајките на Мицкоски, трета економија во Европа, први во туризам, лидери во авиосообраќај, пензии покачени за 16 пати.

Потоа објавија и друго. Народот велат бил задоволен што за Гета платиле 5,53 милиони евра.

Во истата анкета, прашање за кампањата по рецепт на Ванчо Михајлов – “талог”.

Анкетата вели 41 процент од граѓаните сакаат да ги викаат талог.

Дали некој некогаш видел ваква анкета? Народот сакал да го викаат „талог“!

Народот се радувал кога плаќа за Гета и провизија на арамијата.

Граѓаните сами нека ја оценат оваа анкета.

Мицкоски и бандата повеќе не знаат што прават.

Линк до видеото:

Издвојуваме