СКОПЈЕ — Македонската спортска и фудбалска јавност е под нов жесток бран обвинувања за корупција, местење натпревари и невидена менаџерско-судиска окупација во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Познатиот новинар Зоран Божиновски (Буревесник) објави длабока и остра анализа на својот Фејсбук профил, отворајќи ги сцените зад кулисите на судиската организација, приватните интереси и влијанијата на високите функционери во ФФМ.
Преку детални информации за скандалите со меѓународните суспензии, откажувањата преку социјалните мрежи и хакираните профили, како и за спрегите меѓу судии, комесари и специјални советници, Божиновски ја демаскира мрежата која го контролира делегирањето судии и влијанието врз фудбалските исходи.
Тимот на napred.mk ги следи овие алармантни тврдења кои дополнително ја поткопуваат довербата во македонскиот репрезентативен и клупски фудбал.
Интегрално пренесена објава на новинарот Зоран Божиновски (Буревесник):
ТЕАТАР КОМЕДИЈА ВО ФФМ, ИГРА ПРЕТСТАВАТА: ,,БЕЛА МАЧКА У ЦРНО ОРАЊЕ,,
Животот знае да режира трилери, хорори и трагикомедии, ама да режира некому цел живот да живее во КОМЕДИЈА знае да биде страшно!
Трагичната фигура од македонскиот фудбал, довчерашниот интернационален фудбалски судија ИГОР СТОЈЧЕВСКИ, е роден и живее до или во театар КОМЕДИЈА, Скопје. Како син МИЛЕ, поранешен смешен фудбалски судија од времето на режираните ,,првенства,, под раководство на ЉУБИСАВ ИВАНОВ ЅИНГО, кога ФК СИЛЕКС мораше да биде првак, Игор Стојчевски стана фудбалски судија благодарение на талентот кој го поседува мајка му ЛЕПА СТОЈЧЕВСКА, вработена во ФФМ!
Иако ЛЕПА е кафекуварка, ама не од оние обичните, таа е подолготрајна од сите претседатели на ФСМ порано, ФФМ по ново. Сите тие беа менливи, ЛЕПА остануваше и ден денес е присутна таму. Мајка му на судијата ИГОР, сопруга на МИЛЕ комедијант, е факторот ИКС во кариерата и на мажот и на синот. Ниту Миле ќе видеѓе свирка и зелен терен, ниту синот ќе стигнеше олку далеку до УЕФА. Оти кога ќе се каже дека и ѕидовите имаат уши, тоа значи дека во ФФМ, кафекуварката ЛЕПА СТОЈЧЕВСКА има најдобар преглед на ,,целиот терен,,, знае што се случува и во ,,соблекувалните,,, кој кого соблекува, кој кого облекува, кој кого решава, кој кого разрешува, кој кого именува…
Проблем на ЛЕПА СТОЈЧЕВСКА е што немала преглед надвор од ФФМ, каде синот ИГОР е земен под контрола на измамникот и местач на натпревари, комесарот ЈОСИП БАРТОН, расипан ,,трансвестит,, (ем социјалдемократ, ем вмрОВЦА!), Лепа не ни можела да сонува дека Бартон ќе го внесе нејзиниот син Игор во валкани игри со регонални фудбалски мафии, дека ќе го напупи да се задолжи 50.000 евра на промашено обложување, па да се раздолжува кај мафијаши преку глупирање на меѓународен пријателски натпревар, со свирење 4 пенали!
Или кажано на српски:
НИЈЕ ГА МАЈКА ЛЕПА КЛЕЛА КАД СЕ КЛАДИО, НЕГО КАДА СЕ ВАДИО!
Од вчера, Игор Стојчевски е гол пиштол, соблечен по домаќински бели посрани гаќи, откако мораше заради суспензија во УЕФА да пише јавна објава на ФБ дека се откажува од натамошно судење и се повлекува. Му нема иднина, затоа што беше делегиран, утре во 13 часот да суди младински УЕФА натпревар помеѓу БАЕРН МИНХЕН У19 и ВИКИНГ ФК У19, ама заменет е со МАРЕК РАДИНА! Поради неговата суспензија страдаат и неговите помошници од судиска организација на нашата земја.
Пресврт се случува денес, кога по совет на ПЛАТЕНИОТ пензионер СПЕЦИЈАЛЕН СОВЕТНИК во судиската организација, ВАНЧО КОЦЕВ, Комесарот Јоспи Бартон го уценил Игор Стојчевски како знае да знае да се врати во судиската организација, да објави колосална глупост т.е. на ФБ да објави нова објава во која ЛАЖЕ дека некој му го хакирал профилот и наместо него објавил дека се откажува од натамошно судење и се повлекува! Денес објавува дека тоа не важи, туку продолжува да суди фудбал.
Голем проблем е што не продолжува да суди, бидејќи ако не беше суспендиран, заедно со неговите помошници веќе утре ќе беа во Минхен на натпреварот од младинската УЕФА лига, а не да се глупираат во Сопје и да смислуваат како да се вадат од септичката јама во која сите се паднати. Јосип Бартон не смее да му дозволи на Игор Стојчевски да се откаже од судење, затоа што имаат точна и прецизирана агенда кои следни натпревари мора ИГОР да го одсуди, за да се обложува мафијата и да профитира. Бартон е до гуша заглавен во тие фекалии и ни Вардар ни Црна Река, здружени со Брегалница не го перат!
Згора, во АНТИкомбинација сега се појавуваат и ЈАКИМОВЦИ (Делчо, со децата Дејан и Марија), оти заедно со премиерот Христијан Мицкоски не сакаат да се инволвираат во овие валканици кои веќе се излезени надвор од границите на државата. Затоа денес јавноста ја забавуваат со вест дека тато Делчо Јакимовски веќе нема да биде контролор на судење во ФФМ, ама синот Дејан останува претседател на стручен судиски одбор. Малку е нелогично син да одстрани татко од листа, ама логично е таткото од синот да побарал да го одстрани за да не биде инволвиран во сите криминали, местење натпревари и глупави комбинации кои ги имаат направено Јосип Бартон и неговиот 74 годишен СПЕЦИЈАЛЕН СОВЕТНИК од Штип – ВАНЧО КОЦЕВ!
За повампирениот штипјанец, газда на хотел ,,ОАЗА,, во Штип преку криминални трансакции, до денеска не се знаеше дека го труе БАРТОН со ,,ѕинговизам,,. Ама, ете и таа вест пукна во јавноста, како и хонорарот од 70.000 денари кои Јосип Бартон му ги исплаќа – без основ! Никогаш во ФФМ, во судиска организација немало функција специјален советник на комесар! Еве Бартон и тоа го измисли!
Барем да најдеше некој што гледа и догледува. На 74 години, ВАНЧО КОЦЕВ, кажано на кумановски:
НЕ ВИДИ БЕЛУ МАЧКУ У ЦРНО ОРАЊЕ!
п.с. Јосип Бартон насекаде се претставува како најдоверлив човек на претседателот Масар Омерагиќ, ама уплашен од можноста заради стари тешки кривични дела (модуларна болница, сообраќајка со смртен исход и др.), се додворува 24/7 во ВМРО ДПМНЕ и нуди информации против претседателот и веќе советува дека е најдобро да побараат негова замена, а тој лично ќе помогне со сведочење ако добие заштита!
п.с.2 портпаролот на ФФМ не ми одговори на прашањето за ВАНЧО КОЦЕВ, испратено попладнево. За мене, најдобар одговор е НЕОДГОВОР!