spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СКАНДАЛОЗНИ ОБВИНУВАЊА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ: СДСМ ја обвини Владата за окупација на ФФМ – „Фудбалот стана партиски штаб и семеен бизнис!“

СКОПЈЕ — Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) излезе со жестоки обвинувања за состојбите во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), тврдејќи дека оваа највисока спортска институција во земјата е целосно партизирана и претворена во полигон за остварување лични и бизнис интереси на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

На вонредна прес-конференција, Герасим Лазов, претседавач со Централниот одбор на СДСМ, објави дека опозицијата поседува материјали и информации добиени директно од свиркачи и внатрешни извори, кои откриваат сериозни злоупотреби, местење судии, роднински вработувања и сомнителни бизнис-шеми зад кулисите на македонскиот фудбал.

Едиторијалот на napred.mk ги следи овие алармантни информации кои го отвораат прашањето за регуларноста на македонските фудбалски лигашки и репрезентативни натпревари.

Интегрално пренесена прес-конференција на Герасим Лазов (СДСМ):

Во продолжение ви ја пренесуваме прес-конференцијата на Герасим Лазов, претседавач со ЦО на СДСМ, во целост:

Денеска започнуваме да ја демаскираме вистината за тоа што навистина се случува во Фудбалската федерација на Македонија.

Наместо ветениот напредок, ФФМ денеска е претворена во приватна фирма, партиски штаб на ВМРО-ОКГ и полигон за остварување лични интереси.

Материјалите и информациите кои започнуваме да ги објавуваме доаѓаат директно од загрижени граѓани и свиркачи внатре во институциите — луѓе кои одбиваат повеќе да молчат за криминалот во македонскиот фудбал.

Прво и најважно: ФФМ е целосно партизирана.

* Зад одлуките во Федерацијата стојат директни политички притисоци и влијанија од високи функционери од власта.

* Правни советници и шефови на комисии се назначуваат исклучиво по партиска и адвокатска линија.

* Се менуваат селектори само затоа што немаат партиска поддршка, а се измислуваат нови репрезентативни категории за да се вработат соодветни партиски кадри.
Фудбалот стана семеен бизнис:

* Позициите за тренери во репрезентациите се делат на кумови и најблиски роднини.

* За советници се ангажираат лица кои во јавноста се познати по упади во државни институции и контрола на летање.

* Тренери од приватни школи и клубови истовремено земаат дупли плати и хонорари од ФФМ.

* А на одредени играчи експресно им се дава деби во А-репрезентацијата — само за нивните новопечени менаџери да можат подобро да ги продадат надвор.

Додека навивачите се револтирани од цените на билетите, а играчите гинат на терен, зад кулисите се случува нешто многу поопасно.

Затоа, денеска јавно поставуваме неколку директни прашања до раководството на ФФМ:

* Прво: Зошто најдиректно од ВМРО се делегира Комесар за делегирање судии кој потоа делегира судии по нарачка за натпревари кои ги игра државниот проект ФК Вардар?

* Второ: Дали под изговорот за „подмладување на репрезентацијата“ се отвора простор за обложувачки профити на сметка на поразите на Македонија?

* Трето: Дали е точно дека лица поврзани со скандали за местење натпревари се редовни гости во Белата палата на ВМРО?

* Четврто: Дали има местење на натпревари под директна палка на комесарот Јосип Бартон и негови блиски судии, по нарачка?

* Петто: Дали таканареченото „подмладување“ на репрезентација е искрена спортска стратегија, или е бизнис-план во кој младите фудбалери се само жртви?

* Шесто: Има ли тарифа за играње во македонските репрезентативни селекции и колку пари чини да се облече националниот дрес?

* Седмо: Кој е одговорен во репрезентацијата за скандалот во Швајцарија со пропустот играчот со бр 22 Малевски да седи на клупа 60 минути а да не е ниту впишан во записник на тој натпревар? Има ли сличен несреќен случај случен во Лигата на нации, во било кое УЕФА или ФИФА натпреварување, во македонската Прва или Втора лига?

Македонскиот фудбал им припаѓа на сите нас, а не на кланови и партии.

Ова е само првиот дел. Документите, фактите и доказите ќе продолжат да излегуваат во јавноста— сè додека ФФМ не се исчисти од криминалните структури и судии во рацете на спортистите, сега контролирани од ВМРО чии членови сочинуваат повеќе од 2/3 од делегатите на Собранието на ФФМ.

Линк до видеото :

Издвојуваме