spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ: Нов ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии — следуваат нови долгови за граѓаните

Опозициската партија СДСМ преку официјално соопштение упати жестоки критики до Владата предводена од Христијан Мицкоски, предупредувајќи на сериозна економска дестабилизација и влегување во ново долгорочно „должничко ропство“. Според нив, најавата за нов ребаланс на Буџетот — само два месеци по претходниот — е директна потврда за катастрофалната состојба на државната каса, каде што се отворила буџетска дупка од дури 900 милиони евра. Од СДСМ наведуваат дека Владата нема доволно средства за покривање на основните обврски, како што се платите и пензиите, поради што прибегнува кон ново задолжување од 250 милиони евра исклучиво за тековни буџетски потреби, а не за развојни инвестиции. Посочувајќи дека јавниот долг ја надминува границата од 63% од БДП и достигнува 11 милијарди евра, СДСМ алармира дека наместо ветените економски успеси, сметката за лошото менаџирање со финансиите повторно ќе ја платат граѓаните и идните генерации.

Соопштението за јавност на СДСМ ви го пренесуваме во целост:

Се случува тоа што го најавивме.

Нов ребаланс на Буџетот само по два месеци од последниот. Тоа ја потврдува катастрофалната состојба на државната каса и дебаклот на економските политики на Мицкоски.

Буџетската дупка е огромна, 900 милиони евра. Владата нема доволно пари за плати, пензии и тековни обврски. Следуваат нови долгови врз грбот на народот.

Веќе Владата се задолжи со нови 250 милиони евра, за буџетски потреби до крајот на годината. Не за враќање стари кредити, не за развојни инвестиции, туку за покривање на недостигот во државната каса.

Тоа е резултатот од економските политики на Мицкоски: Буџет што се полни со кредити, додека граѓаните слушаат бајки за економски успеси.

Бајките на Мицкоски за „трета економија во Европа“ паднаа во вода.

Дефицитот во Буџетот е 900 милиони евра, дупката во ПИОМ достигна една милијарда евра. Наместо да обезбеди стабилни приходи и одговорно трошење, Владата трупа долгови за да ги покрива основните обврски.

Со новото задолжување јавниот долг достигнува 11 милијарди евра, а со долговите кон ЈПДП и другите јавни претпријатија надминува 63% од БДП.

Должничко ропство. Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, само за две години. Половина од вкупниот долг на државата во изминатите 30 години.

Кредитот не е приход, туку тешка обврска што ќе ја враќаат граѓаните, работниците и следните генерации.

Издвојуваме