spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

ЈОВАНОВИЌ СО ПОЛИТИЧКА ЛЕКЦИЈА: Монархиите имаат најголемо чувство за социјална правда – гласам за „монархот“ Филипче!

Добро утро! Ненад Јовановиќ во својот препознатлив и аналитичен стил дава интересна, провокативна политичка лекција, влечејќи паралела помеѓу метафоричниот „монархизам“ на партиската сцена и функционалноста на уставните монархии во современиот свет.

Преку коментар за настапот на Игор Ивановски („Шема“) во емисијата кај Љубиша Николовски на „Слободен печат“, тој прави луцидна споредба за тоа како формалните уредувања на хартија често даваат сосема поинакви резултати во пракса.

Подолу е пренесен неговиот пост во целост:

Фејсбук статус на Ненад Јовановиќ:

Добро утро.
Сакате да ви кажам нешто? Го слушнав “Шема” и кај Љубиша во Слободен Печат. И, какви ми се впечатоците?
Вели шема, Филипче бил монарх во СДСМ.
Одлично, велам јас, само монархии имаат најголемо чувство за социјална (не)правда.
А сега да ви каже чичко Неџо со една политичка лекција.
Земјите кои имаат кралеви и кралици (иако самата идеја на хартија изгледа нерационална, чудна и застарена) во пракса често се послободни и социјално поправедни од многу републики.
Примерот на уредените општества: уставните монархии како Шведска, Данска, Норвешка, Холандија, земјите од Бенелукс и Велика Британија.
Овие држави редовно се на самиот врв во светот по однос на среќата, слободата, еднаквоста и социјалната правда.
Велика Британија која официјално ја нема разделено црква од држава, е едно од најсекуларните општества со висок процент на атеисти.
Од друга страна, Америка има строга уставна разделба, а сепак има исклучително висок степен на религиозен мистицизам.
Гласам “во одсуство” за монархот Венко Филипче.
Линк од статусот:

Издвојуваме