spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и економски ја изолира Македонија со новите правила

ЕКОНОМСКИ АЛАРМ И ЗАКАНА ЗА ИЗВОЗОТ: СДСМ: Мицкоски и економски ја изолира Македонија – со „Made in EU“ се намалува пазарот за нашите производи!

Опозициската партија СДСМ излезе со сериозно предупредување до јавноста и бизнис-секторот во однос на новите економски и трговски регулативи што ги подготвува Европската Унија. На прес-конференција, опозицијата истакна дека СДСМ: Мицкоски и економски ја изолира Македонија, додека Брисел подготвува строги правила за поддршка на европското производство, со што директно се загрозува пласманот на македонските индустриски производи и фабриките во земјата.

Според истражувањето и анализите на новинарскиот тим на napred.mk, Европската Унија планира значително да ги насочи сите јавни набавки кон производи со потекло „Made in EU“ во секторите како челик, цемент, автомобилска индустрија и чиста енергија, со цел уделот на европското производство да достигне 20 проценти до 2035 година. Запирањето на евроинтеграциите и доцнењето со реформите ја ставаат Македонија надвор од овие заштитни механизми.

ИНТЕГРАЛНО ПРЕНОСЕНО СООПШТЕНИЕ И ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДСМ

Во продолжение, новинарскиот тим на napred.mk ви ја пренесува интегралната изјава на Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ:

ЕУ подготвува нови правила. Јавните набавки и јавните пари ќе одат прво на стока направена во Европа. Челик. Цемент. Алуминиум. Автомобили. Чиста енергија. Цел: производството во ЕУ од 14,3 отсто да стигне 20 отсто до 2035.

Кој не е внатре, потешко доаѓа до тие пари.

Македонија не е членка на ЕУ. Нашите производи автоматски не е „мејд ин ЕУ“.

Има адут – спогодбата за јавни набавки на СТО од 2023 a но тоа само по себе не го прави катализаторот од тука европски производ.

Ако победи построгата линија, фабриките надвор од Унијата остануваат зад вратата. Ако победи поширокиот модел, влегуваат партнери што даваат реципроцитет и што Брисел ги смета за блиски.

Блискоста со ЕУ се гради со реформи. Не со ходник и со антимон.

Поради неисполнување на реформите можеме да се соочиме и со недобивање пари од ЕУ – нема грантови, нема неповратна помош.

ЕУ е нашиот пазар. Во првите седум месеци извоз 5,1 милијарда евра. Унијата држи 58,7 отсто од трговската размена.

Катализатори, кабли за коли, делови за седишта – ние сме алка во туѓ синџир. Кога синџирот ќе рече „само Европа“, нашата алка отпаѓа.

Нема Европа – нема подобар живот, нема поголем стандард за граѓаните на Македонија. Нема повисоки минимални плати. Нема повисоки пензии за пензионерите. Нема млади – заминуваат во Европа.

Македонија останува само како слепо црево на Балканот и на Европа. Тоа е цената на изолацијата што ја води арамијата Мицкоски.

Кој ја запира интеграцијата, го стеснува извозот и економски ја изолира земјата.

Фабриките во Македонија не живеат од Фејсбук постовите на арамија Мицкоски. Живеат од нарачките во земјите на ЕУ.

СДСМ го кажува просто. Патот кон Унијата не е каприц. ЕУ е пазар, работа, економија и стандард.

Бандата го замени со провизија и со руда. Резултатот не е стратегија туку изолација.

Изолацијата значи помалку европски пазар за македонски производ. Тоа ќе го платат работниците. Не Мицкоски.

Линк до видеото :

Издвојуваме