spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО)СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија за туѓи бизнис интереси

ПОЛИТИЧКА БОМБА И АЛАРМ ЗА ЗДРАВЈЕТО: СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија за туѓи бизнис интереси и ја претвора во депонија!

Опозициската партија излезе со сериозни и остри обвинувања на сметка на актуелниот премиер и владата, алармирајќи дека СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија за туѓи бизнис интереси и ги става во ризик природните ресурси, водата, земјата и здравјето на граѓаните. На прес-конференција, опозицијата отвори жестока дебата за отворањето нови рудници, ископот на опасен антимон, како и заnetransparentните договори во енергетскиот и ИТ-секторот.

Според информациите и анализите на новинарскиот тим на napred.mk, опозицијата најавува масовна граѓанска блокада и институционална борба против плановите за геолошки ископи на повеќе локации во државата, како и барање за целосна одговорност од носителите на публични функции.

ИНТЕГРАЛНО ПРЕНОСЕНО СООПШТЕНИЕ И ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДСМ

Во продолжение, новинарскиот тим на napred.mk ви ја пренесува интегралната изјава на Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ:

Арамијата Мицкоски ја распродава Македонија и ја претвора во депонија за туѓи бизнис интереси.

Додека надвор вели дека Македонија не е сериозна држава, додека ги навредува граѓаните дека се талог, сериозно ги распродава водата, земјата, рудата.

За туѓи интереси и профити, на штета на најважното – здравјето на луѓето.

Во тек е голема пљачка на Македонија!

Пет нови рудници. Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица, Луке, планирани геолошки ископи и на планината Кожув.

Нов рудник и за антимон, метал за воена индустрија.

Продавачи на оружје му ги плаќаат состаноците по хотели и ходници во САД. А тој им враќа со земја и испоп.

Ископ на отровен антимон за муниција. Провизијата за нив. Сметка за народот.

Мицкоски вели резервите биле поголеми од првиот и вториот производител во светот. Не кажа колку тони. Не кажа каде. Не кажа кој копа. Не кажа што останува за селата до јаловиштето.

Истата шема како кај дата-центрите: пет-шест фирми под радар, веќе договорени.

За две и пол години Мицкоски нема ниту еден економски резултат. Кошничката е до плафон, 90 илјади денари. Народот едвај врзвува крај со крај.

Затоа што Мицкоски државата ја гледа како плен. Нема економски политики, има грабеж!

ЕСМ тоне. Државата се задолжува а тие со Адамовиќ и Лазаревиќ, преку линковите со Руднап и Божиновска, тераат бизниси со струја и со броила.

Тоа се приоритетите на Мицкоски. Бизнисот, провизиите, профитите.

Под радарот и далеку од очите на граѓаните арамијата Мицкоски ги става во ризик водата и земјата на штета на здравјето на луѓето.

Ова е грабеж, пљачка и СДСМ силно ќе се спротистави.

Заедно со граѓаните ќе го блокираме планот за рудниците.

Македонија не е на продажба!

Линк до видео:

Издвојуваме