Герасим Лазов во „Почетна пресметка“: Мицкоски го нема на листата средби на Каја Калас
Во најновото издание на подкастот „Почетна пресметка“, претседавачот на Централниот Одбор на СДСМ, Герасим Лазов упати жестоки критики во врска со меѓународниот статус и дипломатските активности на премиерот Христијан Мицкоски.
Лазов истакна дека доколку се проверат официјалните податоци за средбите на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, името на македонскиот премиер воопшто не фигурира меѓу државниците со кои таа остварила официјална средба.
„Кој сака да седне со арамија на маса?“
За време на гостувањето, Лазов отворено го праша водителот и публиката за причината поради која премиерот го нема на официјалната агенда на ЕУ дипломатијата:
„Која е официјална средба со Каја Калас? Може да отворите и вие сега да видите со кои сите државници се сретнала таа – сите се наведени. Мицкоски го нема! Нашиот арамија со тапија го нема таму. Кој ти сака да седне со арамија на маса? Ти би седел ли со арамија? Ќе помислиш дека ќе ти го украде телефонот, да ти е страв нешто да оставиш на масата“, истакна Герасим Лазов во емисијата.
Реакции во јавноста за меѓународниот рејтинг на власта
Оваа изјава во подкастот „Почетна пресметка“ предизвика бројни реакции во јавноста. Дополнително, преслушувањето на овие детали повторно ги отвори прашањата за вистинските дипломатски капацитети, меѓународниот рејтинг и надворешно-политичките релации на актуелната власт во Брисел.
Видео од изјавата:




