spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 – покровителот е арамијата Мицкоски.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска одржа прес-конференција на која изнесе серија сериозни обвинувања за финансирањето, медиумските поддржувачи и политичките спреги на актуелната власт предводена од Христијан Мицкоски и движењето ЗНАМ. Портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, посочи дека зад медиумската кампања и лобирањата стојат спорни капитали, странски медиумски мрежи и коруптивни интереси.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралното соопштение од прес-конференцијата:

„Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 – покровителот е арамијата Мицкоски.

Вчера објавивме кој му го плаќа лобирањето на Мицкоски во Америка.

Приватна фирма за муниција, оружје. FARA 6170. 1,56 милиони долари годишно. Човек уапсен за мито околу оружје. Казна платена од човек од кокаински канал.

Го објавивме и планот за рудниците – антимон, Иливица–Штука, Казан Дол. Распрoдажба на земјата.

За нив провизија. За народот отров.

Нема одговор од организираната криминална група. Има кампања против претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче.

Ги открија сите карти. Орбановите и медиумите на Вучиќ во Македонија.

Таканаречени независни аналитичари како ВМРО-овецот Јове Кекеновски. Соработници на БИА. Геро, Ивона, Латас по социјални мрежи. Ботови на СНС. Трол-фарми преку израелска фирма.

Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0.

Сите заедно против единствениот бастион на слободата – СДСМ. Сите заедно против Филипче, кој секој ден се бори против оваа банда, на терен, со граѓаните, со народот што едвај го врзува крајот со крајот.

Ете, граѓаните сега имаат црно на бело. Тендери за основачите на Платформата „за иднината на Мицкоски“. 1,6 милиони евра. Помалку од Гета. Повеќе од нивната чест.

Нема да помине. Готово е со дефокусот. Со лагите. Со црните кампањи. Со Дубаи и Харис Џиновиќ.

Доаѓа време на вистина и правда. Сите ќе одговараат.

Власта ќе ја вратиме во рацете на граѓаните.

Бандата ќе одговара.

Линк до видео:

 

Издвојуваме