ДИПЛОМАТСКИ АЛАРМ ВО СОБРАНИЕТО: Венко Филипче за европскиот пат предупреди дека сите земји од регионот напредуваат, додека Македонија тапша во место!
СКОПЈЕ – Македонија се соочува со ризик од долгорочна изолација и губење на европските финансиски фондови. Како што пренесува порталот napred.mk, на денешната средба со високата делегација од Сенатот на Француската Република, претседателот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче за европскиот пат упати сериозни критики до Владата. Тој отворено праша до кога државата ќе чека неостварени гаранции додека другите земји од регионот забрзано чекорат кон полноправно членство во Европската Унија.
Интегрален текст од соопштението
Според податоците до кои дојде napred.mk, во продолжение ви го пренесуваме интегралното соопштение за јавност:
Филипче: Другите одат кон ЕУ, нас нè нема – до кога ќе чекаме гаранции? Соопшение за јавност
Додека други земји напредуваат кон Европската Унија, Македонија останува без видлив резултат од владините ветувања за подобра преговарачка позиција. Ова го истакна претседателот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, д-р Венко Филипче, на денешната средба со делегацијата на Сенатот на Француската Република во Собранието.
Филипче порача дека СДСМ ќе поддржи подобри услови за преговори и гаранции против идни блокади, но побара одговор што ќе се случи ако владата не ги обезбеди и до кога државата ќе чека.
„Ако оваа влада обезбеди подобри услови во преговорите или гаранција дека нема да бидеме повторно блокирани на евроинтегративниот пат, ние тоа ќе го поддржиме. Но се поставува прашањето што доколку не се обезбедат гаранции и до кога ќе се обидуваат да се обезбедат некакви гаранции, затоа што времето поминува“, истакна Филипче.
Тој потсети дека владата дошла на власт со ветување дека ќе ја подобри преговарачката позиција и ќе обезбеди предвидливост на процесот, но оцени дека досега нема видливи резултати од тие најави.
Осврнувајќи се на најавите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Филипче посочи дека Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина се споменуваат како земји со изгледен пат кон членството до крајот на мандатот на актуелната Комисија, додека Македонија ја нема меѓу нив.
Тој предупреди дека продолженото чекање отвора и прашања за вклученоста на земјата во идното буџетирање на ЕУ. Во тој контекст, изрази загриженост дека евентуалните промени во претпристапната финансиска поддршка би можеле да создадат дополнителен ризик за државата.
Филипче изрази сомнеж и во решителноста на владата да го продолжи европскиот пат, поврзувајќи ја загриженоста со нејзините постапки во владеењето на правото и односот кон медиумите.
На средбата тој ја потврди посветеноста на СДСМ на европската интеграција и се заблагодари за долгогодишната француска поддршка.
„Ние остануваме посветени на европскиот пат. Знаеме дека Франција е наш традиционален пријател и убедени сме дека таа поддршка ќе продолжи и во иднина“, порача Филипче.
Линк до видео:



