Либерално-демократската партија (ЛДП) излезе со остри критики до Владата во врска со сѐ потешката економска ситуација во која се наоѓаат граѓаните, истакнувајќи дека инфлацијата и трошоците за живот растат со брзина која платите не можат да ја следат.
Според реакцијата на партијата, додека за задоволување на основните месечни потреби на едно четиричлено семејство веќе се потребни над 70.000 денари, власта покажува целосна незасегнатост од реалноста со која се соочуваат граѓаните.
„Додека цените растат побрзо од платите и додека над 70.000 денари се потребни за основни трошоци за еден месец, Владата се луксузира и се расфрла со пари исцицани од народот за задоволување на лични хирови и договори“, се вели во соопштението од ЛДП.
Синдикалната кошница го потврдува притисокот врз домашниот буџет
Оваа реакција на ЛДП доаѓа во момент кога најновите податоци од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за синдикалната минимална кошница покажуваат дека за покривање на основните потреби за храна, пијалаци, домување, сметки, превоз i хигиена во септември се потребни речиси 70.000 денари.
Посебен проблем, според економските аналитичари, е фактот што две минимални или дури две просечни плати во многу случаи веќе не се доволни за да се покрие целата синдикална кошница, што принудува голем број семејства да се откажуваат од основни работи или дополнително да се задолжуваат.
Остри критики за владините трошења
Од ЛДП посочуваат дека наместо итни и конкретни мерки за заштита на стандардот – како што се намалување на ДДВ за основните прехранбени производи, замрзнување на маржите или директна поддршка за најраNoticeните категории – Владата продолжува со непродуктивни и нетранспарентни трошења.
Партијата бара итно ревидирање на буџетските приоритети и одговорно ракување со народните пари, предупредувајќи дека продолжувањето на ваквиот тренд ќе доведе до уште поголемо сиромашење на населението и продлабочување на социјалната криза во земјата.




