ДИПЛОМАТСКИ АВТОГОЛ ИЛИ ЦЕЛОСЕН ГУБИТОК НА РЕАЛНОСТА? Професорот Дејан Трајковски го разнесе политичкиот аматеризам на власта!
Политичката сцена секојдневно нѐ изненадува со потези кои ги преминуваат сите граници на дипломатската логика. Додека државата се бори со клучни геополитички предизвици, опозицијата и домашните политичари повторно покажуваат загрижувачко ниво на неписменост во водењето надворешна политика. За да ги оцрта сите апсурди на овие парадоксални чекори, професорот Дејан Трајковски со брутално прецизна анализа го демаскира нивното деловање.
Погледнете го неговиот пост во целост, без никакви измени:
Да ти порачаат од ЕУ дека земјите-кандидати мораат да ги прекинат врските со движењето МАГА на Доналд Трамп, а потоа да одиш во Вашингтон и да се жалиш на нивната администрација, предводена токму од МАГА, што не те примаат во ЕУ е: (можеш да избереш повеќе од еден одговор)
а.) целосно изгубен контакт со реалноста
б.) некомпетентност и врвна политичка неписменост
в.) дипломатски аматеризам и дипломатски автогол
г.) префрлање на вината за неуспесите во реформите, владеењето на правото и борбата против корупцијата дома
д.) манипулација за охрабрување на членовите и симпатизерите
ѓ.) начин да се скараш со сите, останеш изолиран и глумиш жртва.
————————-
Кога некој долго време живее во својот политички балон, опкружен исклучиво со луѓе кои му климаат со главата, тој губи способност да процени како неговите потези изгледаат надвор од тој балон, особено во очите на сериозни меѓународни соговорници.




