spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

БЕЗ НОВИНАРИ И БЕЗ КЛУЧНИ ДЕТАЛИ: Србија отвори погон за израелски борбени дронови, Вучиќ најави уште три фабрики!

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека во Србија е пуштен во работа нов погон за склопување на современи борбени и извидувачки дронови од израелско производство. Иако станува збор за значаен чекор во модернизацијата на српските вооружени сили, самиот чин на отворање помина во строга тајност — без присуство на новинарски екипи и без откривање на точната локација на објектот.

Вучиќ преку видео-објава на своите социјални мрежи извести дека новинарите не биле поканети поради „строгата доверливост на производствениот процес“. На објавените снимки се гледа како српскиот претседател инспектира и управува со мало беспилотно летало за напади, истакнувајќи дека овие дронови влегуваат низ прозорци, бркаат мети и се исклучително ефикасни во борбени услови.

Партнерство со израелскиот гигант „Elbit Systems“

Иако официјалниот Белград ги крие деталите, воените аналитичари потсетуваат дека станува збор за соработка со познатата израелска компанија Elbit Systems, во партнерство со српската државна одбранбена компанија Yugoimport SDPR. Новиот погон првично ќе функционира како центар за склопување на делови, а планот е во рок од една година комплетното производство на сите компоненти да се префрли во Србија.

Во фабриката моментално се произведуваат нападни дронови од типот Lanius, а во план е проширување на линијата со модели како Firefox, како и посебни дронови за извидување и пренос на сигнали. Боевите глави за овие дронови ќе се произведуваат во српската наменска фабрика „Крушик“ од Ваљево.

„Одвраќање на потенцијални агресори“

Српскиот претседател нагласи дека целта на ова производство не е закана кон никогаш, туку зачувување на мирот и одвраќање на потенцијални противници. Погонот ќе вработува околу 100 работници, а произведените системи ќе бидат наменети пред сѐ за потребите на Војската на Србија, но и за извоз во трети земји.

Вучиќ најави дека ова е само почеток на поширока воено-индустриска соработка, откривајќи дека Србија заедно со израелските партнери планира отворање на најмалку уште три вакви фабрики низ земјата.

Извори:

  1. Times of Israel: Serbia’s president inaugurates assembly factory for drones made by Israel’s Elbit

  2. Reuters / The Jerusalem Post: Serbia opens Israeli drone assembly plant

  3. Дневни лист Данас: Vučić otvorio srpsko-izraelsku fabriku dronova, zbog poverljivosti nije vodio novinare

  4. Anadolu Agency: Serbian president opens Israeli-made drone assembly factory

Издвојуваме