spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

МЕГА СКАНДАЛ: Власта ги ‘купува’ луѓето од Платформата – Тешки 1,6 милиони евра од ‘Железници’ за Никола Ќурчиев!

Нов финансиско-политички скандал ја бранува јавноста. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во синоќешното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 изнесе документи кои покажуваат како Владата предводена од Христијан Мицкоски ја финансира таканаречената „Платформа“ за разделување на опозицијата. Според претставените докази, фирма поврзана со поранешниот секретар Никола Ќурчиев испумпала тендер од над милион и пол евра од државно претпријатие, упатувајќи директна порака дека партијата нема да подлегне под притисоци и деструктивни сценарија.

ИНТЕГРАЛНО СООПШТЕНИЕ:

Филипче обелодени тендер од 1,6 милиони евра од власта на Мицкоски за луѓе од Платформата – Никола Ќурчиев

Соопштение за јавност

Фирма поврзана со еден од луѓето во таканаречената Платформа на Мицкоски за поделба на СДСМ добила тендер од државно претпријатие во вредност од 1,6 милиони евра, обелодени претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Филипче покажа договор според кој фирма што ја претставува и со која соработува поранешниот секретар на СДСМ, Никола Ќурчиев, добила тендер од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на 17 јуни 2026 година.

„Еден од луѓето што седи на масата на Платформата, поранешниот секретар Никола Ќурчиев, е поврзан со фирма што добила тендер од Железници во износ од 1,6 милиони евра. Еве го договорот и фирмата што тој ја претставува“, рече Филипче.

Тој нагласи дека договорот можеби е законски и фирмата треба да си ја заврши работата, но јавноста има право да ја знае политичката заднина и тајмингот на овој тендер.

„Се поставува прашањето колку чини СДСМ. Ако за нив чини 1,6 милиони евра, сакам јасно да кажам: СДСМ не е на продажба. Нема да играме како што ќе свири Мицкоски и по неговата плејлиста. Можеби Дејвид Гета свиреше за 5,5 милиони евра, а сега Платформата за 1,6 милиони евра – нека си ја тераат работата“, нагласи Филипче.

„СДСМ нема да биде партија што ќе свири како што сака и ќе диригира Мицкоски. СДСМ не е на продажба“, потенцираше Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека Мицкоски повторно се обидува да го примени истото сценарио од 2024 година – да го подели СДСМ преку создавање нов политички инструмент.

„ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година победи со тоа што го подели СДСМ. Тогаш беше формиран ЗНАМ, а сега им е потребен ЗНАМ – втор дел. На Мицкоски не му останува ништо друго освен да се обиде да формира нов ЗНАМ, но јас тоа нема да го дозволам“, рече Филипче.

Издвојуваме