Советникот Горан Симоновски упати жестоки критики за запоставувањето на Општина Ѓорче Петров и неисполнувањето на изборните ветувања од страна на градската власт. Во своето обраќање на советничката седница, тој детално ги посочи сите клучни инфраструктурни и образовни проекти кои останаа само на хартија, наспроти реализацијата на проекти во други општини кои воопшто не биле дел од официјалната програма.
Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:
Ниту еден од клучните проекти што ги ветивте за Ѓорче не е започнат. Не е започнат кружниот тек на ул. Ѓорче Петров со бул. Македонска Војска. Нема ништо од поврзувањето на ул. Шарпланинска со бул. Илинденска во Карпош. Не е ни во план ново средно училиште во Ѓорче. Нема ништо ни од продолжувањето на ул. Лука Геров во Ново Село.
А во Сарај, правите нов мост што воопшто и не беше во вашата програма!
Ги излажавте Ѓорчевци, како ли ќе барате гласови во Ѓорче?
(ВИДЕО)




