spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

МЛАДЕНОВСКА: ЗДРАВСТВО ЗА СЕКОЈ ИЛИ ДИСЦИПЛИНСКО РОБОВЛАДЕТЕЛСТВО?

Здравство за сите или дисциплинирање на болните: Реформите на власта ги претворија пациентите во осомничени

Во својата најнова колумна, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, алармира за загрижувачката насока во која се движи домашниот здравствен систем. Наместо фокус врз обезбедување лекови, квалитетна терапија и поддршка за матичните лекари, власта воведува репресивни мерки како скратување на боледувањето и домашни контроли за болните граѓани. Младеновска посочува дека додека се трошат милиони евра за забави и естрада, здравството се соочува со акутен недостаток на лекови, дефектни апарати и дезориентирани реформи кои го уриваат достоинството на пациентите.

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ:

ЗДРАВСТВО ЗА СЕКОЈ ИЛИ ДИСЦИПЛИНСКО РОБОВЛАДЕТЕЛСТВО?

Кога здравствениот систем престанува да лекува, а започнува да контролира
Здравство за граѓаните или здравство над граѓаните?
Од светот денес, во Македонија се ускратува и правото колку треба да се лекуваш или колку не треба да си болен. Чуму сега им текна ова?
И онака се молиме за лекови и квалитетна здравствена услуга, сега ќе молиме и за плус ден боледување.
Најавата за скратување на периодот на боледување од седум на пет дена проследена со можност контролор да проверува дали пациентот е дома, отвора сериозни прашања за насоката во која се движи здравствената политика.
Наместо здравствениот систем да се фокусира на превенција, рана дијагностика, достапност на лекови, јакнење на матичните лекари и подобрување на условите за лекување, фокусот се префрла врз контролирање на пациентот.
Здравствениот систем треба да има механизми против злоупотреби, но тие мора да бидат стручни, засновани на медицински критериуми и насочени кон оние што навистина го злоупотребуваат системот, а не кон сите граѓани.
Здравството не смее да биде систем во кој граѓанинот треба да докажува дека е болен. Здравството мора да биде систем во кој државата докажува дека се грижи за здравјето на граѓаните.
Фондот не е спортска арена, а граѓаните не се натпреварувачи. Ама толку е пробиено дното, што веќе нема ни здравство ни здравствена политика, ниту добро за граѓаните. Импровизација во контекст ,,еве ние работиме, носиме реформиʼʼ а всушност бунар без дно од непрофесионализам, аматерство, незнаење, лутање купи ден продај. Само полни џебови.
Додека ,,докторот” учи да го реформи здравството и собира искуства од Словенија која ни ги враќа докторите од Македонија поради елементарно непознавање (читај факултети за доктори во секој град), пациентите не може да чекаат терапија.
,,Инспиративното” патување потребно е да го спроведе по Клиниките ширум државата, не по Европа. Проблемите се тука, од реформи нема ни Р. Ама има 5.5 милиони евра, милионииии евра за забава. Нема за терапии, дефектен ПЕТ центарот, недостаток на лекови по одделенијата, нема вакцини…
Нема, нема, нема е секојдневно што слушаат граѓаните.
Само едно заборавате… СИТЕ СМЕ ПАЦИЕНТИ НА ОВОЈ СВЕТ. За жал или за среќа во ,,нашата државаʼ

Издвојуваме