spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ:18 месеци нема правда за Кочани, судството под контрола на Мицкоски ги штити своите

 

Поминаа 18 месеци од трагедијата во „Пулс“ во која згаснаа 63 млади животи, а правда за жртвите и нивните семејства сѐ уште нема. Според СДСМ, судството и обвинителството се под целосна контрола на Христијан Мицкоски и наместо да испорачаат одговорност, ги штитат партиските функционери и блиските соработници. Додека на слобода се пуштаат клучни актери и се спасуваат луѓе од власта, СДСМ бара целосна и неселективна истрага за трагедијата во Кочани.

Целосното соопштение ви го пренесуваме интегрално:

Соопштение за јавност

Поминаа 18 месеци од трагедијата во „Пулс“ во која згаснаа 63 млади животи, а 193 лица беа повредени а правда нема.

Правдата за Кочани се топи пред очите на јавноста. Заробено судство под контрола на Мицкоски ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговори и без правда.

Повеќе од две години власта на Мицкоски ги контролира полицијата, обвинителството и судството.

Мицкоски тврдеше дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во „Пулс“ е поврзано со ВМРО.

Како и за сè друго што ветил – излажа.

Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот јавен обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите повторно гледаат како институциите ја погребуваат правдата.

Сега и „Газда Деко“ е на слобода.

Го ослободуваат Груевски. Го ослободуваат Латас. Враќаат имот стекнат со криминал. Телохранители на Мицкоски кои тепаат жени се спасуваат од одговорност.

Нема одговорност за 5 тони дрога преку граница.

Нема одговорност за криминални тендри.

Се спасуваат градоначалници и функционери блиски до власта.

Така изгледа „правдата“ на Мицкоски – заштита за моќните, неправда за жртвите.

СДСМ стои со семејствата на загинатите и повредените во Кочани.

Бараме целосна, неселективна и вистинска одговорност за трагедијата. Правдата за Кочани не смее да истече.

Издвојуваме