spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ: Арамијата Мицкоски ќе го намали ДДВ-то на горивата — откако цените веќе го удрија плафонот и го искасапија стандардот!

ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ВМРО-ОКГ ДОСТИГНА ВРВ: Додека народот со месеци полни резервоари на рати и купува половични потрошувачки кошници, власта немо набљудуваше и профитираше од инфлацијата — СДСМ детонира со жестока реакција: „Ова не е грижа за граѓаните, туку евтина и закаснета шминка откако сметката за ценовниот шок веќе ја плативме сите!“

Опозициската СДСМ излезе со жестока осуда на најавените владини мерки за делумно намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти, оценувајќи ги како класична политичка манипулација и задоцнета козметика. Според партијата, премиерот Христијан Мицкоски се обидува да глуми спасител на народниот стандард дури откако ценовниот бран веќе ги испразни џебовите на граѓаните и направи трајна штета врз домашниот буџет.

Од СДСМ потсетуваат дека уште од самиот почеток на кризата барале драстично намалување на ДДВ-то за горивата на 5 проценти, итно укинување на акцизата и целосно ослободување од ДДВ за сите основни прехранбени производи. Наместо навремена реакција, власта свесно чекала и ги пуштила цените да дивеат, претворајќи ги горивата и основните производи во недостапен луксуз за просечното семејство. Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение во целост:

ИНТЕГРАЛНО СООПШТЕНИЕ НА СДСМ:

Арамијата Мицкоски ќе го намали ДДВ-то на горивата – откако цените веќе го удрија плафонот

Шефот на ВМРО-ОКГ денеска открива дека државата има мерка. ДДВ на горивата од 18 на 10 проценти.

Очекува поевтин дизел. Глуми заштитник на стандардот.

Каде беше со месеци?

СДСМ уште на почетокот на кризата бараше конкретни мерки: ДДВ на горивата да падне на 5 проценти, акцизата да се укине веднаш, ДДВ на основната храна да се симне на нула. Не за камера. За да остане леб на масата.

Владата на бандата не мрдна. Ги пушти цените да побеснат. Го гледаа народот како полни резервоар на рати и купува половина корпа.

Сега, кога штетата е направена, излегуваат со половична мерка и бараат аплауз.

Ова не е грижа. Ова е доцна шминка. Прво те дере. Потоа ти враќа ситно и се претставува како спасител.

Мицкоски признава и сам: цената „во суштина не е ниска“. Само била поевтина од соседството. Тоа е целата филозофија на ВМРО-ОКГ. Не да живееш достоинствено. Да те тешат дека некој друг плаќа уште повеќе. Како да му кажеш на човек без леб дека во друга држава лебот е поскап.

Горивото не е луксуз. Горивото е превоз до работа, леб до продавница, стока до пазар, плата што се топи пред да стигне дома.

Кога дизелот лета, лета сè. Тие тоа го знаеа. Чекаа.

Пазарот го оставија на бандата и на берзата, а граѓанинот на касата.

Сега велат ќе има импликации врз буџетот, ама ќе се борат. Секако дека ќе има. Буџетот го истрошија на спектакли, криминални тендери и Лотарија, па се прават сиромашни кога треба да се симне данокот што го яде народот секој ден.

СДСМ не бара од арамијата да глуми социјала. Бараше да ја примени мерката кога требаше – на почеток. Не откако цените го скршија стандардот. Намалување од 18 на 10, по месеци тивко гледање, не е политика.

Тоа е признание дека доцнат. И дека доцнат намерно.

Нема поевтин живот со доцна одлука. Има поевтина лага.

Прво ве оставија без леб. Сега ви продаваат денар на литар како државничка храброст.

ВМРО-ОКГ не ја води кризата. Ја молзе. А шефот на бандата излегува пред камери дури кога сметката веќе е платена – од граѓаните.

Издвојуваме