СДСМ официјано го објави кандидатот за градоначалник на општина Брвеница – Јовица Радески. Станува збор за докажан кадар кој доаѓа од приватниот сектор, познат ветеринар и актуелен советник во општината кој одблиску ги познава локалните проблеми. Од партијата истакнуваат дека Радески е чесен и посветен човек со конкретни решенија за подобрување на животот на сите жители во Брвеница.
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на СДСМ интегрално:
Интегрално соопштение за јавност на СДСМ:
Јовица Радески е кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Брвеница!
Доаѓа од приватниот сектор, целиот свој работен стаж го има посветено на граѓаните, како ветеринар и како советник – посветен на луѓето и на својот крај.
Чесен и вреден човек, кој секојдневно е меѓу граѓаните, во секое село и во секој дом во општина Брвеница.
Како актуелен советник и носител на советничката листа на СДСМ, одблиску ги познава проблемите и потребите на граѓаните.
Подготвен е со конкретни решенија, за промени на подобро, за сите граѓани на општина Брвеница!




