Опозицискиот СДСМ преку соопштение упати жестоки критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за луксузирање со скапоцени часовници и брендирани одела во време кога граѓаните се соочуваат со високи цени и стагнација на платите. Од партијата порачуваат дека граѓаните не се „талог“, туку сопственици на државата, и дека за целиот криминал и луксузирање со народни пари ќе следи правна одговорност.
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на СДСМ интегрално:
Соопштение за јавност на СДСМ
Мицкоски ужива во луксуз и пари додека народот едвај врзува крај со крај.
Со часовници од 60 илјади евра, со одела „Зења“ и „Бриони“ од по 5 илјади евра, со бизниси… арамијата Мицкоски се прогласи за македонска елита.
Граѓните се со празни фрижидери и празни паричници, цените се до плафон, платите стагнираат, минималната плата е најниска во Европа.
А елитата, нова буржоазија со часовници кои вредат колку 150 минимални плати ужива во својот луксуз, полнејќи ги своите џебови со народни пари.
Баш арамија.
Уште и ги навредува граѓаните дека се „талог“.
Граѓаните не се талог.
Граѓаните се сопственици на оваа држава.
А на оваа „елита“, на овие арамии местото им е во Шутка и во Идризово, да одговара за целиот криминал.
Доаѓа тоа време. Граѓаните на Македонија ќе ја вратат власта во свои раце, а потоа оваа елита ќе одговара.
Еден побегна. Овие нема да побегнат.




