spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ги излажа граѓаните – наместо „0 денари“, над 5 милиони евра народни пари се потрошени за прославата преку Државна лотарија

Опозицискиот СДСМ упати остри обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски за дезинформирање на јавноста и за netransparentno трошење буџетски средства. На денешната прес-конференција, портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска, истакна дека спротивно на првичните тврдења дека прославата за Денот на независноста чинела „0 денари“, преку АД Државна Лотарија биле потрошени над 5 милиони евра народни пари.

Од партијата бараат итно објавување на сите исплати и критериуми по кои се делеле милионските суми, како и одговори за потенцијален судир на интереси и провизии.

Во продолжение ви ја пренесуваме прес-конференцијата интегрално:

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО

Уште еднаш се потврди, арамијата Мицкоски штом отвори уста – ги лаже граѓаните.

Дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Тоа вчера сите го видоа.

Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски, за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари.

Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говорат од самиот почеток.

Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што.

Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски сега треба да излезе и јавно да објави каде завршија парите на граѓаните.

Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми?

Како била избрана Комисијата од 3 члена во АД Лотарија која требала да одлучува за избор на фирма за прославата?

Особено што претседателот таа комисија се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите на концертот.

Врз основа на кои критериуми се договарани фирми – ќерки да добијат милиони евра народни пари преку Државна лотарија?

Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти?

Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група.

Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови.

Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што.

Линк до видео:

Издвојуваме