spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

Каранфилова-Пановска: Со кој образ Мицкоски е на гроздоберот додека лозарите се соочуваат со криза?

​Каранфилова-Пановска: Со кој образ Мицкоски е на гроздоберот додека лозарите се соочуваат со криза? ​

Заменик-претседателката на СДСМ, Каранфилова – Пановска, упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски поради неговото присуство на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, посочувајќи дека земјоделците се оставени сами на себе во период на сериозна криза.

​Според неа, додека власта се слика на свеченостите, лозарите од Тиквешијата се соочуваат со огромни проблеми – откупот на грозјето е закочен, а понудените цени се срамно ниски. Таа истакна дека Владата не презела никакви навремени мерки за да го заштити трудот на земјоделците и да им обезбеди сигурен пласман.,

​„СДСМ е цврсто на страната на лозарите. Веќе предложивме конкретни мерки за надминување на оваа состојба: зголемување на откупната цена на 28 денари за ‘вранец’ и 25 денари за ‘смедеревка’, итна одлука за интервентен откуп, како и целосно укинување на спорното намалување од 8% на откупната цена“, нагласи Каранфилова – Пановска. ​

Таа дополнително ги обвини Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека наместо решенија, користи притисоци и заплашувања врз земјоделците кои го креваат гласот за своите права.

​„Тие методи нема да поминат. СДСМ останува рамо до рамо со сите кои чесно живеат од својот труд и се борат за своите загарантирани права“, порача заменик-претседателката на партијата.

Видео:

 

Издвојуваме