spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД знаат дека кинески пари влегувале во Македонија

ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА: САД И ЕВРОПА ГО ИСТРАЖУВААТ МИЦКОСKI! Кинески пари влегуваат во земјава преку унгарскиот заем и општински проекти!

Геополитички аларм и нов економски удар! Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, излезе со шокантни тврдења дека клучните стратешки партнери на земјата, Соединетите Американски Држави и европските земји, веќе ги истражуваат финансиските зделки на Владата предводена од Христијан Мицкоски. Според Филипче, преку унгарскиот заем од 1 милијарда евра и најавените проекти за локалната самоуправа, во државата системски влегуваат кинески пари, што предизвикува сериозни сомнежи за легалноста на процесите.

Додека опозицијата предупредува дека јавниот долг веќе се искачил на 61,4% од БДП по заемот од Унгарија, прашањето кое ја тресе јавноста е: Каде води ваквата геополитичка и економска игра и какви последици ќе сносат граѓаните?

Текстот од соопштението ви го пренесуваме интегрално:

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, потенцираше дека Соединетите Американски Држави, нашите клучни стратешки партнери, веќе знаат дека во земјата во изминатите две години влегувале кинески пари, укажувајќи на заемот од Унгарија, но и преку најавите за нови проекти во општините на Стоилковиќ.

„Заемот којшто е сега предмет на истрага, заемот поради којшто сега цела Европа и цел свет знае дека владата, на чело со Христијан Мицкоски, е под истрага и се сомневаат во нелегални процеси. Сега, кога и нашите стратешки партнери, Соединетите Aмерикански Држави, веќе јасно знаат дека во земја влегуваат и влегувале во изминатите две години кинески пари. Прво преку заемот којшто дојде од Унгарија, а сега најава преку министерот за локална самоуправа за некакви си проекти во општините.“, обвини Филипче.

Филипче посочи дека унгарскиот заем е поврзан и со зголемувањето на јавниот долг, посочувајќи дека граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од економските политики на власта.

„Граѓаните најдобро знаат, секој ден под власта на Христијан Мицкоски живеат сè полошо. Колку треба да биде очаен човек да каже дека наследиле долг 61,4% од бруто домашниот производ во 2024 година, кога вистината е дека долгот порасна на 61,4% од бруто домашниот производ, после заемот од Унгарија од 1 милијарда евра.“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Издвојуваме