spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

ФИЛИПЧЕ ГО ПОКАЖА ДОКУМЕНТОТ: 1,3 милијарди евра ново задолжување го нема во ребалансот – дали власта свесно го крши Законот за буџет?

Скандал со скриени долгови и нови милионски суми! Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, излезе на прес-конференција со конкретен документ во рацете, обвинувајќи ја Владата предводена од Христијан Мицкоски за манипулации со државните финансии. Според Филипче, новото задолжување од 1,3 милијарди евра кое поминало на владина седница воопшто не е предвидено во ребалансот на Буџетот, со што се отвара сериозно прашање дали свесно се крши Законот за буџет.

Дополнително, опозицискиот лидер прашува зошто од официјалните табели се крие државната гаранција од 350 милиони евра за ЈПДП. Со овие чекори, според СДСМ, вкупниот државен долг за само две и пол години вртоглаво расте кон рекордна сума од скоро 12 милијарди евра (над 65% од БДП), без притоа да се инвестира во реални капитални проекти за граѓаните.

Текстот од соопштението ви го пренесуваме интегрално:

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го покажа документот за планираното ново задолжување на власта од 1,3 милијарди евра и побара одговор зошто ова задолжување, иако било најавено и поминало како потреба на владина седница, го нема во ребалансот на буџетот и дали со тоа власта планира да го прекрши Законот за буџет.

„Зошто во официјалните податоци за јавниот долг се крие долгот од 350 милиони евра на ЈПДП, за којшто гарантира владата? Зошто го нема во официјалните табели? Зошто новото задолжување, којшто го најави и којшто поминато како потреба на владината седница на 31 август, го нема во ребалансот. И дали со тоа планираат да го прекршат Законот за буџет? Еве го документот којшто поминала информација и потреба за задолжување на земјава со нови 1,3 милијарди евра. Повторувам, 1,3 милијарди евра. Нов долг. Со којшто вкупниот долг ќе порасне на земја на досега рекордни, никогаш достигнати, скоро 12 милијарди евра.“, обвини Филипче.

Филипче посочи дека со новото задолжување долгот на земјата ќе продолжи да расте, посочувајќи дека над 4 милијарди евра нов долг се направени во изминатите две до две и пол години од власта на Христијан Мицкоски.

„Над 4 милијарди евра се нов долг само во изминатите две и пол години од власта на Христијан Мицкоски. И со тоа, долгот ќе порасне на 65%, повторно рекордни, од бруто домашниот долг. Оваа власт едноставно ниту има капацитет, ниту стратегија, ниту план, ниту желба да направи нешто добро за граѓаните. Само брутално задолжување и проекти коишто не се инвестираат во капитални инвестиции, посочи Филипче.

Линк до видео:

Издвојуваме