ФИНАНСИСКО ЦУНАМИ ИЛИ ПОЛИТИЧКИ
ЌОР-СОКАК? Владата на Мицкоски ја турка Македонија во историски долг од 12 милијарди евра!
Македонија е пред економска провалија! Во ек на празна државна каса и драматичен пад на животниот стандард, актуелната власт на Христијан Мицкоски ја заведува нацијата со шокантно ново задолжување од 1,3 милијарди евра!
Со ова, за само две години, долгот на државата вртоглаво се искачува до фатални 12 милијарди евра или над 65% од БДП – тежок товар што ќе го отплаќаат и идните генерации. Додека цените растат, а минималната плата заостанува зад реалните трошоци, од опозициската СДСМ грмат: Пари за народот нема, но затоа има милијарди за нови долгови и сомнителни тендери!
Дали државата се движи кон финансиски колапс или ова е само уште една политичка пресметка?
Соопштение на СДСМ за јавноста ви го пренесуваме (Интегрално)
Се потврди сè што СДСМ предупредуваше во изминатите месеци – пари во буџетот нема, касата е празна, а Владата повторно посегнува по нови долгови.
Владата на Мицкоски усвои ново задолжување од 1,3 милијарди евра.
Задолжување како никогаш досега. Со ова, за само две години, власта ја задолжува државата со околу 4 милијарди евра нов долг.
Тоа е огромно задолжување кое ќе го плаќаат граѓаните, нивните деца и идните генерации.
Со ова, 2026 година ќе заврши со околу 12 милијарди евра долг, односно над 65% од БДП.
Наместо кај граѓаните парите завршуваат во криминални тендери.
Минималните трошоци за едно четиричлено семејство за две години пораснаа за околу 9.000 денари, а минималната плата само за околу 3.500 денари.
Работниците со минимална плата реално живеат полошо а Мицкоски одбива минималната плата да се зголеми на 600 евра.
Буџетот денес е околу 7 милијарди евра.
Од повеќе пари народот не добива ништо.
Нема пари за повисоки плати, нема пари за повисоки пензии, дури и парите од вториот столб сакаат да им ги украдат на пензионерите.
Нема мерки за помош на граѓаните. Нема мерки кои ќе го запрат растот на цените.
Ништо нема за народот, само нови долгови.
Во последниот ребаланс на Буџетот не е предвидено ова ново задолжување од 1,3 милијарди евра.
Кочоска како извршител на Мицкоски треба да знае дека за незаконско постапување спротивно на Законот за Буџет следува и кривична одговорност и затворска казна.






