„Дали новинарите и целата јавност ви изгледаат како идиоти?!“ – Фрчковски со жестока реакција по скандалозниот однос кон новинарите на пресот за концертот на Дејвид Гета.
Жестока реакција во јавноста по денешната прес-конференција за утрешниот концерт на Дејвид Гета, каде сопственикот на „Авалон продукција“ наместо конкретен одговор на новинарско прашање за трошоците, премина кон навреди со зборовите: „Дали ти изгледам како идиот?“
Со свое видео-обраќање реагираше Јон Фрчковски, кој директно го постави прашањето кој овде всушност го прави народ глупав и што се крие зад милионските суми.
„Безобразен однос кон новинарите – но кој е вистинскиот идиот?“
„Денеска на прес-конференцијата за утрешниот концерт на Дејвид Гета, директорот или сопственикот на Авалон, како и да е, на новинарско прашање ‘колку кошта сето тоа’ одговара најдрско: ‘Дали ти изгледам идиот?’ Тука има два проблеми. Првиот е безобразниот однос кон новинарите, особено кога прашуваат нешто што е од јавен интерес. А второ – не друже, друго е прашањето: Дали на тебе и новинарите и целата јавност ни изгледаат на идиоти, што на таков перфиден начин пробуваш да избегнеш одговор?“ – порача Фрчковски.
Каде завршуваат 5 милиони евра народни пари?
Фрчковски во своето обраќање јавно отвори три клучни точки за кои бара итна транспарентност и одговори од властите и организаторите:
- Непрегледно трошење пари: „Идиотски е да нема одговор како се поделени 5 милиони евра за прослава на 8 Септември – пари од дивиденда на државно акционерско друштво во кое што токму ти имаш сериозен дел од колачот.“
- Скриени јавни повици: „Идиотски е да нема одговор на прашањето на кој начин и зашто сѐ уште е скриен јавниот повик. Под кои услови токму ти и сите останати сте избрани да стопанисувате со 5 милиони евра?“
- Партиски спреги и манипулации: „Идиотско и индикативно е зашто портпаролката на Владата прво ве прогласи како организатор на настанот, а дури после излегоа информациите дека ‘ќе има’ или ‘во тек е’ јавен повик. Во секој случај, ова личи на ВМРО.“
„Намалете со бахатоста кон граѓаните!“ .
Завршувајќи го своето обраќање, тој упати директна порака до организаторите и политичките моќници зад оваа организација:
„Намалете малку со безобразниот однос кон новинарите, затоа што суштината на проблемот е што сте безобразни и бахати кон граѓаните. Особено партијата – организираната криминална група што стои позади целата организација. Тоа е многу попоидиотски отколку сите легитимни прашања што новинарите би ви ги поставиле!“
Видео од реакцијата:




